Промовирани огласи »

Културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ е проект кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија. Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Со примената на уметнички тактики, како што и самиот наслов имплицира; проектот инволвира ангажирање на уметници кои ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.

Во рамките на проектот и во партнерство со општина Струмица, оваа недела (18- 22 март 2019 година) го означуваме почетокот на промотивните активности преку одбележување на Светскиот ден на водата (22 март 2019 година) во основните училишта во Струмица преку ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“. Цртежите на учениците, покрај муралите, ќе бидат изложени и на промотивниот настан на проектот.

Промотивниот настан на проектот е најавен за 20 мај 2019 година на пречистителната станица во Струмица.

Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Секако, тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија. Со тоа се унапредува квалитетот на местата во коишто живееме и се запазува еколошкиот аспект на модерното живеење. Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира.

Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 22.03.2019.поради уличен дефект од Ф-150мм на
ул.Васко Карангелевски 23 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе
имаат корисниците од три згради на бр.23 од 01:30 часот до санирање на дефектот.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката за додадок за трето дете не ги дава посакуваните резултати во зголемувањето на наталитетот. Според податоците, велат од МТСП, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5 проценти.

Оваа мерка, додаваат, имало можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати. Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

-Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни, се посочува во денешното соопштение од МТСП.

Од Министерството реагираат на ставот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска, која, како што велат, зборувајќи за ефикасноста на додатокот за трето дете, покажала фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.

-Повикувајќи се на растечкиот број на корисници, пратеничката тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“, што е целосно погрешен заклучок. Напротив, и покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Vip со задоволство ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата.

Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и  бесплатно да го добијат Vip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.

“Vip повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова маркетинг директорка во Vip.

Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефони меѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169 денари месечна рата.

Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »