Промовирани огласи »

Како во „шумата“ на реклами за кеш кредити да се направи онаа која не само што ќе биде забележана, туку и која ќе ги поттикне корисниците да одберат токму кеш кредит од вашата банка? Праксата покажува дека повеќето од нас, за кеш кредити се одлучуваат заради подмирување на некои итни потреби. Затоа кеш кредитите се нашето најбрзо решение. Во време кое од нас бара брзи одлуки, повеќето немаат време да се информираат за сите понуди за кеш кредитите од различни банки. Заради тоа реклама за кеш кредитите мора да биде информативна, забавна и пред се забележана.

Една таква реклама е онаа на McCann Белград за Халк банка во која се тргнува од фактот што сите банки во Србија одобруваат кеш кредити, но Халк банка нуди непроменлива каматна стапка во текот на првите две години на отплата. Ратата која не се менува донесува финансиска стабилност и предвидливост, што донесува душевен мир и своевидна мудрост. И тоа требаше да се прикаже преку една реклама.

Главниот јунак во рекламата кој го глуми Милош Самолов, штотуку зема кеш кредит од Халк банка и на секое прашање одговара со ХАЛК. И тоа се покажува како најточен, најмудар, најефикасен одговор на сите дилеми кои неговите комшии и сограѓани ги имаат во врска со своите финансии, вложувања, желби воопшто.

Поволна и единствена понуда, во комбинација со шармот на Милош донесува кампања која нема да остане незабележана.

Тим:

Креативен директор: Јана Савиќ Растовац

Креативци: Бојан Бабиќ, Дивна Пешкир, Бранко Андрејевиќ

Акаунт: Александра Брадиќ, Јована Стојановиќ

Стратешки планер: Александар Милојевиќ

Режија: Данило Бечковиќ

Продукција: Le Spot

Превземено од - marketing365

Промовирани огласи »

Воспитувачи, учители, стручњаци за финансии се бараат во Европската Унија, покажува истражување на Европската комисија.

Возачи за градежни машини се дефицитарни во Словенија, а бабици во Холандија и Грција. Воспитувачи највеќе се бараат во Шведска, а платите се од 2.000 до 3.500 евра.

Се бараат и пожарникари, келнери, обезбедувачи ширум Европа. Во Словачка се бараат продавачи и работници за во јавен сектор. Чешка има потреба од административни работници и ИТ стручњаци. Кипар бара секретарки и пожарникари.

Во Европа сега се бараат и кадри кои претходно не се бараа. До 2025 година во автомобилската индустрија ќе има 888.000 работни места. Од друга страна околу 300.000 работни места ќе ги снема во занаетчискиот сектор.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани за новогодишните празници свртеле вкупно 291 милион евра на платежни картички, што е за 45 милиони евра повеќе отколку во претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка за трансакциите со платежни картички за последните месеци од минатата година. Дополнителни 16,8 милиони евра бил прометот со платежни картички на фирмите во декември, што е за 100.000 евра поголем отколку претходниот месец лани.

Бројките покажуваат дека во земјава со домашни картички во декември биле свртени 258 милиони евра, што е за 42 милиона евра повеќе отколку во октомври лани. Прометот надвор од земјава не пораснал драстично. Односно, во декември македонските граѓани со домашни картички во странство потрошиле 12,6 милиони евра или за 300.000 евра повеќе отколку во претходниот месец.

Дополнителни 3,5 милиони евра потрошиле фирмите, кои го смалиле прометот за околу 400.000 евра во споредба со претходниот месец. Иако нема официјална статистика во која земја Македонците најчесто шопингуваат, праксата покажува дека најчести дестинации се земјите од соседството.

Инаку, од почетокот на ланската година НБМ им наложи на домашните банки, покрај другите податоци, да доставуваат и месечни податоци за сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите што прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи.

Со тоа прв пат во земјава банките доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од резиденти обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјава, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од нерезиденти обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјава со картички издадени во земјава. Односно, на овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.

Промовирани огласи »

За забуната којашто го одбележи 89-тото доделување на Оскарите, кога Ворен Бити и Феј Данавеј за најдобар филм го прогласија „Ла ла ленд“ наместо „Месечина“, единствено можат да бидат виновни „чуварите“ на ковертите во кои на картичка се испишани имињата на победниците, пишува „Политика“.

Станува збор за т. н. личности од доверба, претставници на американската компанија „ПрајсвотерхаусКуперс“ (Pricewaterhouse Coopers (PwC)), која е задолжена за броење на гласовите на членовите на академијата, за нивната обработка и собирање, испишување на имињата на картичките и за печатење на ковертите. Тие „чувари“ на ковертите одговараат за сите пликови, ги означуваат по категории и во присуство на инспициент на доделувањето на Оскарите зад сцената ги предаваат на личноста која го врачува Оскарот.

„ПрајсвотерхаусКуперс“ се извинила и соопштила дека дошло до предавање на погрешен коверт и дека тоа не им била намерата. Компанијат, оваа година, 83. пат, за Американската филмска академија, ги броела гласовите за доделувањето на Оскарите. Со процесот на пребројување на гласовите раководат двајца претставници на оваа фирма (овој февруари тоа беа Марта Руиз и Брајан Калинан), и тие се единствените на светот кои ги знаат имињата на добитниците на Оскарите пред церемонијата на доделувањето и отворањето на ковертите.

Како дел од мерките за предострожност, се подготвуваат два идентични сета коверти, во кои се наоѓа името на добитникот кои двајцата раководители со процесот на гласење, со обезбедување, со одвоени и тајни рути ги носат до театарот „Долби“, во којшто се одржува доделувањето на Оскарите.
Токму тука згрешил еден од „чуварите“, бидејќи неупотребениот коверт за главната женска улога им го дал на Ворен Бити и Феј Данавеј. Кога веќе видел дека не го добил вистинскиот коверт, Бити тоа требало и да го каже јавно. Инаку, како уште една мерка на безбедност е и таа дека „чуварите“ на ковертите се обврзани и да ги запамтат имињата на сите добитници по категории.

„ПрајсвотерхаусКуперс“ изададе уште едно соопштение за јавноста, речиси 24 часа по срамната збрка во завршницата на доделувањето на Оскарите.

Компанијата ја презема целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои единствено ги знаеле резултатите и ги делеле ковертите на презентерите, Брајан Калинан, по „грешка му го дал на Ворен Бити дуплиот (резервен) коверт за категоријата најдобра главна актерка наместо за најдобар филм“. Неколку минути подоцна и Академијата издала свое официјално соопштение по повод инцидентот во којшто го поздравила „достоинственото држење“ на сите погодени со оваа грешка.

„Последните 83 години Академијата и го доверуваше на ПрајсвотерсКуперс“ критичниот процес на табелирање, вклучувајќи ја и точната испорака на резултатите. Тие ја преземаа целосната одговорност за кршењето на востановените протоколи којшто се случи во текот на церемонијата.“
По таа неопростива грешка, пишува понатаму во соопштение, Академијата поминала цела ноќ и наредниот ден, истражувајќи што се случило и во склад со тоа ќе одлучи „кои понатамошни мерки ќе ги преземе“. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »