Промовирани огласи »

Ве известуваме дека на ден 02.05.2019 (четврток), поради реконструкција на водоводна
мрежа ф-400мм на улиците Радушка и Вера Циривири Трена во населбата Ѓ.Петров
,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Крсте Раковски, Атанас Иљоски, Вера
Циривири Трена , Македонска преродба , Шидска ,Јосиф Даскалов , Никола Вукмировиќ,
Црногорска, Ѓурчин Кокале, Крушевска, дел од Борис Сарафов, Радушка, Ангел Винички.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk учествуваше на Саемот на кариера и алумни и на свеченото доделување на дипломи за 12-та генерација дипломци и постдипломци на Првиот Приватен Универзитет ФОН, во среда, на 16ти април.

Оваа дружба беше добра можност за сите потенцијални работодавци да се сретнат и да разговарат со студентите за можностите за практична работа и за вработување во иднина.

На овој настан присуствуваа десетици компании кои на своите штандови ги изложија своите активности, студентите имаа можност да поставуваат прашања и да ги разгледаат заедно своите CV-a.

Нашиот KARIERA.mk тим, одблиску се запозна со стотици студенти за можностите за нивното идно вработување но и за можностите за нивната практична работа.

На овој Саем за кариера, KARIERA.mk доделуваше топло кафе за сите учесници и беше доста добра можност да се презентира концептот на KARIERA.mk.

Во програмата Практиканство се вклучија околу 950 млади лица

Вкупно 950 млади досега се вклучија во програмата за практиканство

Вкупно 950 млади лица започнаа со извршување практична работа преку програмата Практиканство, што е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Програмата Практиканство лани беше една од најбараните програми и во неа се вклучија 1.263 невработени лица до 34-годишна возраст, соопшти Агенцијата за вработување.

Поради големиот интерес оваа година опфатот се зголеми на 1.625 лица што е највисок опфат за оваа програма до сега.

Во тек е склучување договори се додека не се пополни предвидениот опфат на корисници.

Младите лица во практична работа се вклучени во трговија на големо и мало, дејности на здравствена и социјална заштита, стручни научни и технички дејности, препработувачка индустрија, други услужни дејности итн.

Целта на програмата е стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Лицата што ќе се вклучат во практиканство ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за период до три месеци.

Програмата е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено основно образование и работодавачи од приватен и од граѓански сектор.

За имплементација на оваа програма извоени се 43.200.000 денари од потсметката активни програми и мерки на Агенцијата за вработување на РСМ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »