Промовирани огласи »

Истражувачите утврдиле дека когнитивната способност на средовечните луѓе се подобрува ако работат по 25 часа неделно. 

Тешко е човек да биде концентриран 5 часа дневно, и остатокот од времето го поминува без да има фокус, пишува Quartz.

Се покажало дека луѓето постари од 40 години најдобри резултати даваат ако работат по три дена неделно. 

Повеќе од 25 часа неделно, води кон стрес и замор. 

Промовирани огласи »

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс врз основа на бројни податоци кои ги собирал тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат луѓе во областа на науката, инженерството и економијата!

Работниците кои поседуваат знаење од овие области ќе бидат носители на промените за сите институции, изјавил Гејтс во едно интервју.

Притоа не мислам врз основа на познавање на науката, математиката и економијата. Многу кариери во иднината ќе бидат многу барани, изјавил тој.

Не морате да бидете експерт во кодирање, но способноста да размислувате на сличен начин како експертите кои тоа го можат, ќе ви помогне во голема мера.

Не е нужно да знаете да пишувате кодови, но мора да разберете што работат инженерите и шето се можат и не можат, објаснил Гејтс.

Според неговите зборови, луѓето со овие вештини, најверојатно, ќе донесат револуција во секоја област на работење.

Промовирани огласи »

Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и ќе стартува во јули, а за да го остварат ова право граѓаните само ќе треба да ја сликаат фискалната сметка и да ја прикачат на посебна апликација.

Оваа информација ја соопшти премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Куманово и рече дека на овој начин ќе се борат против даночната евазија, која се проценува на 300 милиони евра годишно.

Промовирани огласи »

Ќе се намали данокот на додадена вредност за парното греење и користењето природен гас од 18 на 5 отсто, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Како што изјави денеска по состанокот на Интерресорската работна група за животна средина, оваа мерка е дел од владиниот план за чист воздух и намалување на загадувањето, а ќе профункционира од следната грејна сезона.
Според Заев, намалувањето на данокот ќе биде дополнителен поттик за граѓаните кои се греат на парно, да не се исклучат од системот, но и стимул на него да се приклучат нови 10.000 корисници.

Ќе се намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 проценти за испорака на топлинска енергија и за користење природен гас, ако на тоа се додаде и евтината тарифа што беше воведена, мерките за намалување на загадување и тоа како ќе дадат резултат, нагласи Заев.

Намалувањето на данокот, потенцира премиерот, ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно.

Директорот на Регулаторната комисја за енергетика Марко Бислимоски најави поедноставени сметки за парното во кои, како што рече, трошокот за ангажирана моќност нема да постои.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »