Промовирани огласи »

Доколку работата со деца Ви претставува задоволство, Интернационална градинка ПИКОЛИНИ имаат отворено работно место за ВОСПИТУВАЧ: https://kariera.mk/job/zYA_2prDOkqZMDfDbz0VSA/vospituvach

Основна месечна нето плата од 18.000 денари + дополнителен продажен бонус! ПЕКО вработува 2 (двајца) ПРОДАВАЧИ/КИ за продажното место во City Mall: https://kariera.mk/job/Y8XKD3YVm0GmnM7Dk_zVkg/prodavachi-2

GLOBAL IMPACT го проширува својот тим за финансии и вработуваат на позицијата ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ: https://kariera.mk/job/RN5Tpm9YWEaQDQDOPElq_Q/finansiski-asistent

Sport Vision, водечки ланец за продажба на спортска опрема, облека и обувки на Балканот, со повеќе од 350 продавници во 9 земји, бараат 10 ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ: https://kariera.mk/job/fBxznd51KU-7y-WLqGBPXA/prodazhen-asistent-10-izvrshiteli

КАМУФЛАЖ МК, првата продавница во земјава за тактичка опрема, има потреба од МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА: https://kariera.mk/job/L_gRLAP5VEGqq954eJjaiA/menadjer-na-prodavnica

ПЗУ ЕТЕРНАДЕНТ, центар за дентално здравје, имаат потреба од ДОКТОР ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА: https://kariera.mk/job/fXOBwcT-hE25VoxYxh55TA/doktor-po-dentalna-medicina

Промовирани огласи »

Патувањето на одмор најчесто значи патување на долга дестинација. Кога е во прашање летниот одмор, Македонците најчесто се решаваат тој период од годината да го поминат во кај нашиот јужен сосед – Грција.

Ова се најважните правила и прописи што треба да ги знаете при патување во соседна Грција.

Највисока дозволена брзина

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

Употреба на мобилен телефон

За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.

Поважни телефони

Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112 Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400

Дозволено количество алкохол

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

Потребни документи

За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Задолжителна опрема за безбедност

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме. Зимска опрема:Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.

Промовирани огласи »

Во летниот период посебно во јуни, јули и август,  пред шалтерите на управните служби на МВР каде што се издаваат патни исправи врие како во кошница.

Догите колони ги прават гатербајтерите кои се враќаат во земјава и престојот го користат да ги заменат старите со нови патни исправи, како и летните одмори. 

 Дневно како што велат од МВР се издаваат 1.200 до 1.500 пасоши, а потребите се околу 2.500.па поради тоа се создаавт нервози кај граѓаните. 

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот надминала 9000 долари во неделата, под влијание на извештаите дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена криптовалута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа достигнала ниво од дури 9381,82 долари, според ценовниот индекс CoinDesk, пренесе CNBC, и потсетува дека последен пат кога биткоинот достигнал цена од 9 000 долари било во мај 2018 година.

Од почетокот на тековната година, вредноста на оваа дигитална валута скокнала за 140 отсто. Биткоинот, меѓутоа денес забележал благ пад од 1,5 отсто, на 9 157,59 долари.

На скокот од криптовалутите влијаела веста дека Фејсбук наводно веќе утре ќе лансира сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренесоа дека вработените во таа компанија ќе можат да примаат плата во новата валута.

Биткоинот направи воодушевувачки пресврт во оваа година, по тешката 2018 кога за таа валута е регистриран пад од преку 70 отсто.

Експертите тврдат дека вклучување на големите компании, како Фејсбук и AT&T, во крипто просторот им помага подигање на довербата бидејќи дава одреден степен на легитимност на таа индустрија која долго ја оптеретуваат приказната за илегални активности, шпекулатувна трговија и регулаторна контрола.  AT&T минатиот месец соопштил дека ќе почне да прифаќа крипто плаќања низ партнерство со БитПеј.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »