Продавачи - 2

За компанијата: Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. и за целиот тој период покажува позитивни финансиски резултати. На основа на официјалните податоци... повеќе за компанијата »

Почитувани,

ПЕКО ДОО Скопје има потреба од 2 (двајца) продавачи, и тоа 1 (еден) на определно време 3 (три) месеци и 1 (еден) на неопределено време, во продажното место во Скопје Ситимол.

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Минимум основно познавање на англиски
  • Со или без работно искуство
  • Основно познавање на MS OFFICE

Личен профил:

  • Љубезен и професионален однос кон потрошувачите
  • Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност, способност за организација и посветеност на работата
  • Динамичност, желба за работа и тимски дух

Работни задачи:

  • Услуга во согласност со процедурите на компанијата
  • Прием, редење, изложување и сортирање на робата
  • Грижа за хигиена во продажното место 
  • Работа на каса

Нудиме:

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;

Работно време:

  • Работното време ќе се организира во две смени, и тоа:
  • Прва смена од 09:00-16:00 
  • Втора смена од 15:00-22:00

Основна месечна нето плата: 18.000 ден.

Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија (CV) може да ја достават по електронски пат на следнава адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

*** Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »