Купивте нов стан или пак стариот сакате комплетно да го преуредите? По бескрајното размислување за планирање на животниот простор, нели е многу полесно сето тоа визуелно да го видите пред конечната одлука за купување? Погледнете како овие одлични компјутерски програми можат бесплатно да ви помогнат.
Не ви е потребно претходно знаење и искуство за нивна употреба. Со нив можете да правите неколку работи одеднаш, како на пример да одберете боја по ваш вкус, мебел, да ги движите ѕидовите итн.
Погледнете ги следните пет бесплатни програми за уредување на домот:
SWEET HOME 3D
Овој 3D визуелен софтвер е идеален за оние кои сакаат повеќе можности за прилагодување на просечна просторија и планирање на декорот. Потребно е да се логирате на програмата. За да ја добиете понапредната верзија, можете да ја подготвите во компјутерот и подоцна да манипулирате со вашите сопствени планови.
Предноста на програмата е што можете да ги адаптирате 3D моделите на мебел доколку во каталогот ништо не ви одговара. Постои можност моделите директно да ги внесете во својот план. За оние кои сакаат да го видат распоредот на новоуредениот простор, со помош на камерите можат да минуваат низ целиот нацрт и да визуализираат како сето тоа ќе изгледа. Оваа програма може да биде единствена, но исто така им нуди понапредни варијанти на оние кои сакаат повеќе од своето 3D искуство.
MY DECO 3D ROOM PLANNER
Ако сакате да направите сопствен распоред или да си поиграте со веќе актуелниот, тогаш оваа програма е идеална за вас. Програмата ви овозможува да поставувате ѕидови, врати, прозорци и по ваш избор да одберете видови на под и плочки од галериите.
Со цел да изгледа пореално, во вашиот модел можете да внесувате и постоечки производи. Имате цела палета на елементи.
IKEA HOME PLANNER
Ikea има бесплатна програма со чија помош мебелот и декорот можете да ги приспособувате според специфичностите на вашиот дом. Додека го разгледувате каталогот на Ikea, сигурно сте посакале да дознаете како некој стол или одредени полици би стоеле во вашиот простор. Ова е едноставна програма која ви овозможува да го конфигурирате вашиот распоред, да го одберете саканиот мебел од нивниот каталог, да го пресметате трошокот, а потоа сето тоа да го печатите и однесете во најблиската Ikea.
DESIGN A ROOM
Сигурно не ви се допаѓа кога морате од продавницата за мебел да земете примероци од материјали, правејќи со нив разни комбинации во животниот простор. Со оваа програма, проблемот е решен. Армстронг има навистина добра 3D програма што ви овозможува различни комбинации со бојата на подовите, ѕидовите итн.
Програмата ви овозможува да одберете соба во својот дом што сакате да ја уредите, а потоа да се одлучите за стилот, но и да си поиграте со боите и текстурите.
Затоа оваа програма е одлична за оние кои сакаат првин да го видат резултатот, а потоа да трошат пари. Освен тоа, ќе прочитате корисни совети. Програмата овозможува реален изглед, а не само создавање соба што изгледа супер, а всушност е нефункционална.