Промовирани огласи »

Десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, ќе се воведат во земјава, а предлог-законот за празници, денеска е пред пратениците во прво читање.

Со ова, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, кои воедно предлагаат и промена на името на законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Со усвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со другите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.

Инаку, во Собранието за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

Промовирани огласи »

До денеска се пријавиле 65.000 граѓани за поврат на ДДВ, а наредната недела се очекува оваа бројка да достигне и до 100.000 граѓани, кои ќе ја користат апликацијата „Мој ДДВ“, објави денеска од Штип премиерот Зоран Заев.

Очекува деновиве апликацијата да почнат ја користат и оние граѓани кои имаат мобилни телефони Ајфон. Граѓаните досега имаат прокнижено сметки во износ од 120.000 евра или тоа се околу 7,5 милиони евра поврат на ДДВ.

Според нас, според очекувањата е подобро од тоа што очекуваме. Граѓаните ќе одиграт значајна функција во делот на отклонување на сивата економија при неплаќањето на данокот на додадена вредност, од страна на компаниите, заради тоа што не издавале фискални сметки. Квалитетни пари ќе дојдат од граѓаните и тоа околу 50 милиони евра – изјави Заев.

На бизнис секторот му порача дека неплаќањето на данокот е кривично дело, а освен граѓаните коишто со Мој ДДВ ќе бараат фискални сметки, во текот на овој период на терен ќе бидат и инспекторите. Целта им е, рече, да ја отстранат сивата економија на елегантен начин.

Овие месеци пред нас ќе влеземе со уште неколку мерки поврзани со сивата економија, коишто ќе носат огромен бенефит за работниците и пензионерите. Сите ќе учествуваат во едни такви проекти – посочи премиерот.

Тој денеска заедно со директорката на УЈП, Соња Лукаревска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во централниот дел на Штип посетија и неколку трговски дуќани, а имаа и средба со граѓаните токму за оваа нова мерка, којашто ја воведуваат.

Прашан како ќе се реашава проблемот со водостопанските претпријатија, коишто поради бирократија и низа проблеми остават поголем дел од земјоделските површини непокриени со вода за наводнување, Заев одговори дека во наредниот период следува подобра организација во оваа претпријатие.

Оваа година се виодоа слабости овде во штипскиот регион, во Тиквешијата се видоа вакви слабости и верувам дека се поука за нивно отстранување. Еден дел е и зсатарениот модалитет на функционирање на АД Водостопанство, плива во долгови. Струмичка фирма не знам која од 2014 година во постапка сега го блокира за 13 до 14 милиони денари и тоа не е способно да ја плати струјата за Валандовско-богданскиот регион да го пушти системот за наводнување– рече Заев.

Инаку во тек е реконструкција на системите за наводнување и изградба на нови акумулации со средства од 60 милиони евра.

Премиерот Заев очекува и со изградбата на инфраструктурата, но и со новите мерки за младите и за вработување ќе се намалува иселувањето од селата и градовите. Очекува Пописот, кој ќе се реализира во април 2020 година да ги даде и реалните бројки за населението во земјава, по што ќе се прават анализи, но и како што рече, ќе продолжат со политиките за мотивација на населението да остане во земјава, но и да се зголеми наталитетот.

Промовирани огласи »

Разводот на основачот на Amazon.com Inc, Џеф Безос, со неговата сопруга Макензи Безос, по 25 години брак, беше финализиран вчера од судијата во Сиетл, отворајќи го патот за неа да добие акции во вредност од 38,3 милијарди долари, објави Блумберг.

Во април, најголемиот светски интернет продавач, во соопштението за берзата објави дека 19,7 милиони акции - или 4% - ќе одат кај Мекензие Безос, откако разводот беше одобрен од страна на судот.

Двојката во јануари објави преку заеднички пост на Твитер дека планираат разделба и поделба на имотот. Џеф Безос задржува 114,8 милијарди долари и останува најбогатиот човек во светот, според Блумберг.

Мекензи вети во мај дека ќе даде половина од своето богатство на добротворните организации.

Промовирани огласи »

Многумина кои одат на пат забораваат да проверат дали важноста на пасошот е се уште валидна. Повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност за да ви дозволат пристап и влез. 

Ова се прави од чиста претпазливост за да се осигура земјата дека и за време на заминување ќе имате валидни документи со вас. 

Повеќето земји бараат да имате пасош кој не истекува во наредните шест месеци за да ви дозволат да влезете, но има и исклучоци. Нов Зеланд за влез не ви бара виза, а пасошот е доволно да ви биде активен само на денот на пристигнувањето. Канада наложува да имате валиден пасош само во периодот додека претстојувате во земјата.

Во останатите земји, како што се земјите кои припаѓаат на Шенген зоната важи правилото дека пасошот треба да ви биде валиден најмалку шест месеци откако ќе се вратите во Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »