Промовирани огласи »

Стив Џобс беше маѓепсник кој „им правеше магии на луѓето“ за да му помогне на Епл да остане на површината во текот на најмрачните денови на компанијата, изјави основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс за Си Ен Ен.

Џобс и Гејтс се познати по тоа што се тврдокорни лидери кои негуваат интензивна култура на работата.

Гејтс истакна дека луѓето често ги елиминираат негативните елементи на личноста на основачот на Епл, но Џобс бил и единствен лидер кој во периодот кога бил блиску до смртта го доведе Епл на пиедестал на највредна компанија на светот.

Епл, имено, беше на раб на банкрот кога Џобс се врати во компанијата кон крајот на 90-те години од минатиот век.

Заедно со својата цврстина тој донесе некои неверојатно позитивни работи, истакна Гејтс.

Еден од најбогатите луѓе на светот нагласи дека Џобс знаел да ги маѓепса своите вработени и клиенти кога ќе се соочел со некаков проблем, бидејќи умеел „во се да види волшепство“.

Џобс почина во 2011 година, неколку месеци откако поднесе оставка во компанијата Епл поради компликации од рак на панкреасот.

Промовирани огласи »

Трошоците на живот во јуни во однос на мај годинава се намалени за 1,1 отсто, а споредено со јуни лани се зголемени за 0,3 отсто. Цените на мало пак во јуни во однос на мај се намалиле за 0,7 проценти, а споредено со јуни лани се на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалени трошоци на живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20,3 проценти, трбушките за 0,5 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на живот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,5 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,4 проценти, средствата за чистење и одржување стан за 1,7 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за процент, теписите и другите покривки за под за 0,9 проценти, информатичката опрема за 0,8 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0,4 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0,3 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека има пораст кај трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,9 проценти, другите пекарски производи за 0,7 проценти, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 проценти, млекото, јогуртот, јајцата за 0,3 проценти, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во јуни 2019 година, пораст на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакет аранжмани за 3,8 проценти, авионскиот превоз на патници за 3,1 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5 отсто, патниот сообраќај за 0,9 проценти, автомобилите за 0.8 отсто, услугите за сместување за 0,7 проценти.

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за половина денар, а за толкав износ поевтини дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 69 денари,  а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71 денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,110денари и килограм чини 34,739 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.

Промовирани огласи »

Државата им вратила на фирмите 7,8 милијарди денари (126 милиони евра) во првите четири месеци годинава како поврат на платениот Данок на додадена вредност (ДДВ). Сумата е за 2,3 отсто пониска од повратот кој бил извршен во истиот период лани. Овој пад е во време кога има благ пораст на вкупно собраниот ДДВ. Во последниот извештај на Министерството за финансии каде е нотиран овој тренд не се дава образложение за показателите. Повратот на ДДВ за фирмите беше еден од адутите на сега веќе поранешниот министер за финансии од СДСМ Драган Тевдовски. Тој уште кога дојде на функцијата најавуваше дека повратот ќе се прави брзо, ефикасно и навремено, за да им се олесни на фирмите и да се ликвидни. И навистина лани ова време, повратот на ДДВ за првите четири месеци од 2018 година беше дури за 40 отсто повисок од остварениот во 2017 година. Но каде се лизна сега тој поврат?

„ДДВ е наплатен во бруто износ од 24.753 милиони денари, од кои на даночните обврзници им е извршен поврат во износ од 7.775 милиони денари. Бруто наплатата е повисока за 5,1 процент, додека повратот по основ на ДДВ е понизок за 2,3 отсто споредено со истиот период од 2018 година. Во структурата на ДДВ најголемо е учеството на ДДВ од увоз кој забележува поголемо остварување за 6,7 отсто, додека ДДВ од прометот во земјата забележа зголемување од 1,6 процент, стои во извештајот за краткорочните економски движења во земјава а кој се однесува на периодот до април годинава.

Екс министерот Тевдовски лани тврдеше дека државата извршила поврат за 40 отсто повисок од претходната година.

Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно, што е значаен импулс за поддршка на нивните редовни активности и инвестиции, рече тогаш Тевдовски.

Моментно Министерството за финансии нема министер, а функцијата ја извршува лично премиерот Зоран Заев. На позицијата нема лесна задача. Пред него се вакви предизвици, но и ребалансот на буџетот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »