Промовирани огласи »

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37%. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69%.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници – вели Елези.

Заменик министерката за финансии посочува дека позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ. Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9% во прво тримесечје од 2019 година.

Промовирани огласи »

Во рамки на фестивалот „Summerland“ демес преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечер од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.

Промовирани огласи »

Уште едно ново место за скопјани. Изградбата на овој рекреативен адреналински велосипедски парк - велодром, се очеува да започне до крај на годинава, а да биде готов до пролет наредната година. 

Веледромот ќе се гради во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило.

Покрај рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет… 

Град Скопје има обврска да го расчисти просторот, но нема да се сечат дрвја.

Промовирани огласи »

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук денеска ќе потпишат договор за безвизен режим меѓу двете земји.

Во најавата од МНР пишува дека средбата ќе започне со потпишување на спогодба меѓу владите на двете земји за условите за меѓусебни патувања меѓу граѓаните на двете земји. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »