Промовирани огласи »

Дизелот поскап за половина денар, бензините со непроменета цена. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика неделава.

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела. Утре нова цена на горивата, па останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин безнин и дизел.

Промовирани огласи »

Иницијативата НаТочак преку соопштение прашуваат дали донесувачите на одлуки од локалната власт, сообраќајните инженери и урбанистите би пешачеле или возеле точак на асфалт жежок 58.9 степени?

„Ако не, зошто очекуваат другите да го прават тоа? Тротоарите и велосипедските патеки не треба да се декор на коловозите за автомобили. Тие треба да се во функција на оние кои ги користат. На луѓето на овој град“, се вели во сопштението на иницијативата на Фејсбук.

Преку објавените фотографии, иницијативата прикажува измерена температурата на асфалтот, на пешачките премини, велосипедските патеки и пешачките острови.

​ ​

Вело-активистите потенцираат дека создавањето улици не е само просто фрлање асфалт, туку создавањето улици е создавање на живот во еден град.

Од НаТочак препорачуваат дека е неопходно планирање на зеленило во склоп на улиците, особено позиционирано да им прави сенка на оние кои не се климатизирани, пешаците и велосипедистите.

„Лошиот дизајн на улиците во еден град ги поттикнува луѓето на своја рака да наоѓаат решенија. Пешаците и велосипедистите прават прекршоци (движејќи се по туѓи патеки или во обратна насока) затоа што бараат сенка и ја избегнуваат екстремната загреаност на патеките изложени на сонце. Луѓето се однесуваат како луѓе, а планерите треба да планираат град според потребите на луѓето, а не според потребите на автомобилите“, стои во соопштението.

Дополнуваат дека пешаците и велосипедистите го извлекуваат „подебелиот крај“ при чекање на семафори кои се изложени на сонце и програмирани да им служат само на автомобилите. Велат дека е фасцинантно тоа што температурата на зелениот простор, дури и кога е изложен на сонце е блиска и пониска од амбиенталната температура,  за разлика од асфалтот кој е 20 степени повеќе.

„Од сето ова заклучуваме дека во следните правилници, планови за Скопје-вело-град, генерален план за Скопје, планови за зеленило и за справување со климатските промени, проекти за сообраќајници итн. мора да има задолжително планирање на богато зеленило на улиците и особено булеварите (па и по цена на скратување коловозни ленти) и соодветно позиционирање за да биде од најголема корист. Не смее да има патеки кои во текот на целиот ден се изложени на сонце. Како што рековме лани на една критична маса: Дрвјата се наша клима!“, констатираат од НаТочак.

Промовирани огласи »

За поврат на ДДВ досега се скенирани над 9 милиони сметки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, како членка на СДСМ денеска учествуваше на маалска средба со граѓаните од Крива Паланка.

Вкупниот износ на ДДВ приход во месец јули 2019 е за 10,31 отсто повисок од минатата година. Во 2019 година бележиме 54 отсто повисок поврат кон фирмите во споредба со 2016. година. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, во домаќинствата и во стопанството, порача Лукаревска во Крива Паланка.

Непосредните средби со граѓаните кои започна да ги практикува владејачката СДСМ се, како што велат oд партијата, со цел да се слушнат нивните барања и потреби. 

Промовирани огласи »

Богатството на 25-те најбогати семејства во светот порасна на скоро 1,4 трилиони долари.

Ова го покажува рангирањето коешто вчера го објави агенцијата Bloomberg.

На првото место на оваа листа со севкупно богатство од 191 милијарда долари е американското семејство Волтон, сопственици на најголемиот светски синџир супермаркети „Walmart“. Волтон во последната календарска година станале побогати за 39 милијарди долари.

На второто место со 127 милијарди долари, и со годишен раст од 39 милијарди долари, се најде  семејството Марс, сопственици на производителот на чоколадата „Mars“. На третото место годинава се браќата Дејвид и Чарлс Кох, кои ја водат петрохемиската компанија „Koch Industries“, а сега располагаат со вкупен капитал од 125 милијарди долари, односно за 26 милијарди долари повеќе отколку пред една година.

Четвртото место е резервирано за кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари, кое првпат се најде во ова рангирање. Следат браќата Ален и Жерар Вертејмер, сопственици на модната куќа „Chanel“ со 57,6 милијарди долари, а шестото место го зазема, исто така, француското семејство Дима, сопственик на познатата модна куќа „Hermes“ со 53,1 милијарда долари. На седмото место се трите белгиски семејства Ван Дам, Спулберх и Де Мевиус во чија сопственост е пиварската корпорација „Anheuser-Busch INBEV“, со проценети 52,9 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »