Промовирани огласи »

За поврат на ДДВ досега се скенирани над 9 милиони сметки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, како членка на СДСМ денеска учествуваше на маалска средба со граѓаните од Крива Паланка.

Вкупниот износ на ДДВ приход во месец јули 2019 е за 10,31 отсто повисок од минатата година. Во 2019 година бележиме 54 отсто повисок поврат кон фирмите во споредба со 2016. година. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, во домаќинствата и во стопанството, порача Лукаревска во Крива Паланка.

Непосредните средби со граѓаните кои започна да ги практикува владејачката СДСМ се, како што велат oд партијата, со цел да се слушнат нивните барања и потреби. 

Промовирани огласи »

Богатството на 25-те најбогати семејства во светот порасна на скоро 1,4 трилиони долари.

Ова го покажува рангирањето коешто вчера го објави агенцијата Bloomberg.

На првото место на оваа листа со севкупно богатство од 191 милијарда долари е американското семејство Волтон, сопственици на најголемиот светски синџир супермаркети „Walmart“. Волтон во последната календарска година станале побогати за 39 милијарди долари.

На второто место со 127 милијарди долари, и со годишен раст од 39 милијарди долари, се најде  семејството Марс, сопственици на производителот на чоколадата „Mars“. На третото место годинава се браќата Дејвид и Чарлс Кох, кои ја водат петрохемиската компанија „Koch Industries“, а сега располагаат со вкупен капитал од 125 милијарди долари, односно за 26 милијарди долари повеќе отколку пред една година.

Четвртото место е резервирано за кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари, кое првпат се најде во ова рангирање. Следат браќата Ален и Жерар Вертејмер, сопственици на модната куќа „Chanel“ со 57,6 милијарди долари, а шестото место го зазема, исто така, француското семејство Дима, сопственик на познатата модна куќа „Hermes“ со 53,1 милијарда долари. На седмото место се трите белгиски семејства Ван Дам, Спулберх и Де Мевиус во чија сопственост е пиварската корпорација „Anheuser-Busch INBEV“, со проценети 52,9 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Мотиви за свој клиент, реномиран ланец на маркети за прехрамбени продукти, е во потрага по КАСИЕРИ и ДИСТРИБУТЕР: https://kariera.mk/company/Og5yc4OGA0akkIQZiU4reg/motivi

Salience Makedonija со отворени повеќе работни места: https://kariera.mk/company/2Tt3Z54jf0SeCQ2TJuaIbA/salience-makedonija

Реплек Фарм има потреба од 2ца извршители на позицијата РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР: https://kariera.mk/job/IOzkxyTW-kK5t58Di834QQ/rakovoditel-na-sektor

Халк Осигурување вработува РЕФЕРЕНТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ во главна дирекција во Скопје: https://kariera.mk/job/BaJHrBK3RUSBt5q7TP1hBg/oglas-za-vrabotuvanje-na-referent-za-arhivsko-rabotenje 

Се бара ПРОДАВАЧ за производите на белгиските чоколади и пралини - ЛЕОНИДАС: https://kariera.mk/job/WwHrPL-RNE6MzsxVUzeAkQ/prodavach

Доколку сакате да градите кариера во Електродистрибуција, аплицирајте на отвореното работно место за ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ: https://kariera.mk/job/7MytVyR4dkShArjGTbjBnQ/elektro-inzhener-specijalist-za-proekten-menadjment

Туристичка агенција Агентур е во потрага по ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/jBba3sQPqU6iUHQuVtu4Uw/turistichki-rabotnik

Промовирани огласи »

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. 

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерсвото за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »