ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од кандидат за вработување на следната работна позиција:
Референт за ахривско работење во Генерална дирекција - Скопје
Референтот за архивсо работење е одговорен за отварање, сортирање и доставување на влезната пошта, водење на деловодникот на Друштвото со заведување на целата влезна и излезна документација во него, водење и електронско евидентирање на целата документација, исто така се грижи за правилно и уредно употребување на печатите во согласност со Закон и актите на Друштвото како и се грижи за организирање и чување на целокупната архивирана документација во Друштвото.
- Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома;
Најмалку 2 години работно искуство во архивско работење;
Способност за работа на компјутер;
Планирање и организација;
Познавање на турски јазик ќе се смета за предност.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за архивско работење”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.