Промовирани огласи »

Оваа година ЈУ Зоолошка градина Скопје го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Со почеток од 12:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.

За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, патување за двајца (плус дете) и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.

До роденденот, може сите вие да добиете повеќе шанси за да бидете потенцијален добитник на некој од подароците. Се што треба да направите е при посета во зоолошка, на билетарата да побарате купон, да го пополните и да го ставите во кутијата која се наоѓа на влезот.

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.

Промовирани огласи »

Професор од Универзитетот во Бостон, откри еден многу интересен трик кој помага при управувањето со времето.

Наједноставниот одговор е да се обидете да ги избегнувате, по секоја цена, ситуациите во кои само губите време.

Образовниот консултант Вејн К. Џонсон препорачува да се запрашаме – Како сме ги минале последните 40 минути? Дали сме биле продуктивни? Дали корисно го имаме потрошено нашето драгоцено време? Ја вреднуваме ли секоја минута на вистински начин…

Овој професор од Универзитетот во Бостон, откри еден многу интересен трик кој помага при управувањето со времето.

Наједноставниот одоговор е да се обидете да ги избегнувате, по секоја цена, ситуациите во кои само губите време – истакнува Џонсон.

Доколку закажам деловен состанок со неколку колеги, што не се случува толку често, се трудам да не трае долго, туку околу половина час. Искрено верувам дека доколку добро се подготвите или не сте неодлучни, малкумина се оние кои бараат повеќе од 30 минути. Неверојатно е колку време, па и пари, луѓето трошат за да би одржале долги и неефикасни состаноци – додава професорот.

Нормално, тоа не значи дека и на мене не ми се случуваат непланирани работи. Но поради тоа што најголемиот дел од работата добро и реалистично ги планирам, останува и малку време за „попуст“, па така ситните неправилности не исфрлаат од такт. Доколку се случи нешто покрупно, ги отстранувам другите обврски и одам понатаму – нагласува Џонсон.

Промовирани огласи »

Низ центарот на Скопје од наредната година нема да се движат автомобили. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во моментов работат на проектот потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ да стане пешачка зона.

Она што сега го работиме е догодина целосно да се затвори Мал ринг за возила и да стане пешачка зона, како што е секаде во светот. Тој дел ќе добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот „Жена борец“ ќе се прошири кон Собранието. Размислуваме единствено на тој простор да се движат автобусите од јавниот превоз. Паралелно ќе се работи на проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. Проблемот со зградата на поранешен „Макотекс“ која се наоѓа на самата улица го решаваме. Градот ќе ја откупи зградата и ќе ја урне. Во тој дел ќе има простор и за парк кој ќе биде замена на паркот спроти Стара железничка станица, кој беше уништен заради изградба на зграда од проектот „Скопје 2014“, вели Шилегов за порталот.

Есенва Град Скопје ќе почне со уредување на влезот кон Плоштадот Македонија кај триумфалната порта.

Промовирани огласи »

Под знак прашалник почетокот на учебната година. Синдикатот на просветните работници СОНК е незадоволен од зголемувањето на платите од 5 отсто.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека в петок Советот на синдикатот ќе одлучи дали просветарите ќе го блокираат почетокот на учебната година на 1-ви септември.

Според него, платите во образованието се најниски во јавниот сектор. Затоа бараат тие да се покачат сразмерно со растот на минималната плата.

Од Владата велат дека се уште течат преговорите со СОНК за поголемо зголемување на платите.

СОНК заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати неколку пати годинава протестираа со барање за поголеми плати.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »