Промовирани огласи »

Половина од корисниците на интернет во Европската унија својот одмор или патување го резервирале онлајн.

Најчесто тоа го направиле корисниците од Луксембург – 73 проценти, а најмалку Бугарите – 17 и Романците 18 отсто. Онлајн одмор резрвирале само 13 проценти од корисниците на интернет во земјава.

Според податоците на Евростат, во 2017 година, по Луксембург својот одмор или патување преку интернет најчесто го резервирале корисниците во Финска со 65, Германија со 64 и Данска со 60 проценти.

Онлајн планирањето на одморот или патувањето е најмало меѓу помладите корисници на интернет на возраст меѓу 16 и 24 години (41%) и постарите корисници на возраст меѓу 65 и 74 години (47%). Интернет резервациите се најпопуларни меѓу корисниците на интернет на возраст меѓу 25 и 34 години, од кои 55 проценти одговориле дека својот одмор или патување го резервирале онлајн.

Во нашата земја само 13 проценти од корисниците на интернет одговориле дека го резервирале својот одмори или патување онлајн. Најчесто својот одмор онлајн го резервираат луѓето на возраст меѓу 25 и 34 години (16%), а нешто помалку (12%) луѓето на возраст меѓу 16 и 24 години и најмалку, само шест проценти луѓето на возраст меѓу 65 и 74 години.

По Северна Македонија, следуваат корисниците на интернет од Турција – 15%, Бугарија – 17% и Романија – 18 %.

Во регионот најчесто својот одмор го резервирале онлајн корисниците на интернет од Словенија – 49%, по што следат Грција – 40%, Србија – 35% и Хрватска – 25%.

Промовирани огласи »

Одредени делови од светот, познати како „сини зони“ како Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија и Икарија во Грција, познати се по големиот број луѓе кои имаат над 110 години.

Во нова студија научници од австралискиот државен универзитет откриваат дека можеби нивната тајна на долговечноста е сокриена во лошата бирократија, т.е. во измама и грешки во податоците. Така да можеби сите тие супер старци и не се толку стари колку што и самите мислат, пишува АТИ.

Оние кои доживуваат повеќе од 110 гдоини се ретки примери од нашиот вид, а само еден од 1.000 стогодишници ја доживува таа длабока старост, односно го доживува својот 110ти роденден. Дека е ретка можноста да се случи нешто такво покажува големата концентрација на такви луѓе.

Промовирани огласи »

На 150-тата седница на Владата донесе одлуки од септември платите во основното, средното и високото образование и во научните институти, повисоки за 5%; Намалено ДДВ-то кај одредени лекови и кај топлинската енергија. Од септември се основа ново училиште во Oпштина Центар со назив „Киро Глигоров“.  Усвоен е Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и советниците носители на извршни функции.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.

Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.

На оваа седница е усвоена Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, со што се намалуваат цените на одреден број на лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5% за топлинска енергија за греење, која беше усвоена на една од претходните седници на Владата на РСМ.

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар, кое првите генерации ученици ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.

Владата денеска ја разгледа Информацијата и го усвои финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и советниците носители на извршни функции за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Со овој кодекс се уредува почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нивните функции односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија, со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа.

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.

Целта на овој заем е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Оттука, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125.000.000 евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април 2019 година за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони УСД за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани.

Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Република Северна Македонија ги има постигнато, како што се: Извозно - ориентиран раст; Подобрување на средината за конкурентен приватен сектор; Инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории; и Одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови.

На оваа своја 150-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за новите дополнителни превентивни мерки кои ги презема Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со надлежните министерства, агенции, управи и јавни претпријатија за зајакнување на пограничните контроли за да се обезбедат сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на болеста африканска чума кај свињите.

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи, Делница „Гостивар-Кичево“ и Делница „Свети Николе - Велес“, и го задолжи Министерството за финансии во соработка со МЕР АД Скопје да се обрати до меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори со барање за обезбедување на средства во вид на заем обезбеден со државна гаранција за финансирање на проектите за изградба на овие магистрални гасоводи.

На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за изготвување Закон за донирање на вишокот на храна и го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 15 дена да го подготват и достават до Владата на Република Северна Македонија, Предлог-закон за донирање на вишокот на храна.

Министрите во Владата на РСМ ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

На седницата Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Програмата на економски реформи 2020-2022 година со Акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог во мај 2019 година и ги задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, и останатите министерства, агенции и фондови надлежни за спроведување на Програмата на економски реформи 2020-2022, до 26 август 2019 година, до Министерството за финансии да достават дијагностика со предлог реформски мерки, согласно своите надлежности, кои ќе бидат составен дел од првата нацрт верзија на Поглавјето 5 од Програмата на економски реформи 2020 - 2022.

Владата денеска ја разгледа Информацијата за програмата и приоритетите на Финското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија, и го прифати мислењето на Секретаријатот за европски прашања за потребата од ажурирање на придружниот календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци во рамки на Претседателството со неформалниот министерски состанок за правда и внатрешни работи  за 3ападен Балкан, кој е предвидено да се одржи на 18-19 ноември 2019 година.

Промовирани огласи »

Ван Хоол, белгискиот реномиран производител на автобуси вработува ОПЕРАТОРИ ВО МАГАЦИН: https://kariera.mk/job/bbKWJL9B50exxLnoLLGyJw/operatori-vo-magacin

Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни на позицијата ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ - ГОСТИВАР: https://kariera.mk/job/x__pP2sZ2k-2YfyCOqBj4Q/prodazhen-asistent-gostivar

ТЕХНОМАРКЕТ распишува оглас за вработување на ПРОДАВАЧИ во Скопје и Струмица: https://kariera.mk/job/ihWYGmxgC0OwyvL5cCx4iw/tehnomarket-vrabotuva-prodavachi-ki-vo-skopje-i-strumica

Clean Max имаат потреба од АСИСТЕНТ НА МЕНАЏЕР. Ако сакаш да се придружиш на оваа динамична компанија, аплицирај: https://kariera.mk/job/3Gioy6W4M0qipGwyfckdkQ/asistent-na-menadjer

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА е во потрага по професионалец кој ќе биде задолжен за планирање и координирање на дневните испораки на производи и целосно координирање на ланецот на набавки, за позицијата КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПОРТ: https://kariera.mk/job/U5hFBkAgw06QPUQh6momVg/koordinator-za-transport

РИМЕКО има потреба од вработување на едно лице на работно место КООРДИНАТОР НА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО МАГАЦИН СО БЕЛА ТЕХНИКА: https://kariera.mk/job/9Q_nrJ1Cw0yVprYu8cKzdA/oglas-za-administrator-za-magacinsko-rabotenje

Групацијата Магнетик има потреба од ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ за своите нови проекти во Рамстор и Скопје Сити мол: https://kariera.mk/job/gsIx7p7odU6q6rWG49416g/prodazhen-asistent

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »