КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПОРТ

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА е во потрага по професионалец кој ќе биде задолжен за планирање и координирање на дневните испораки на производи и целосно координирање на ланецот на набавки, за позицијата

КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПОРТ

Успешниот кандидат треба да поседува:

  • Темелно познавање од Supply Chain Management
  • Разбирање на процедури за складирање, чување, испорака на стоки и следење на транспортни возила
  • Познавање на безбедносни и законски регулативи
  • Универзитетска диплома од областа на транспорт и логистика е пожелно
  • Напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office)
  • Познавање на англиски јазик (усно и писмено)
  • Способност за решавање проблеми, координирање и приоритизирање на работни задачи
  • Систематичност, организираност, иницијативност и аналитичност
  • Способност за раководење со тимови

Одговорности и работни задачи:

  • Планирање и контрола на испораката на производи од главен магацин до продажни места и крајни корисници
  • Следење на барањата за испораки во системот, планирање и следење на нивната реализација на дневно и неделно ниво
  • Го координира ланецот на набавки од интернационални добавувачи
  • Го следи движењето на возачите и рутите и ги контролира транспортните трошоци  
  • Се грижи за возниот парк, преку планирање и реализација на технички прегледи на возилата, редовни безбедносни контроли на возилата и идентификува потреба од поправки или промена на возилата
  • Креира и ја ажурира базата на податоци за возила, распоред на возење и завршени испораки, сообраќајни прекршоци  при испораката, прави анализа на истата и предлага активности за унапредување на работата
  • Се грижи за задоволството на крајниот купувач, преку давање на насоки и поставување на стандарди при процесот на испорака на робата од страна на вработените кај крајниот купувач
  • Обезбедува усогласеност со политики на компанијата и законската регулатива

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во современо опремен логистички центар (локација: нас. Илинден)
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Неделното работно време е 40 часа.

Доколку се пронајдовте во описот и ги поседувате потребните квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Координатор за транспорт или директно преку веб апликацијата.

Огласот е активен до 27.08.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »