Министерство за работа во Русија го ревидираше списокот професии кои биле забранети за жените, и отсега Русинките ќе можат да бидат возачи на камиони, трамваи, но и морнари.
Претходната листа содржела околу 400 забранети професии за жените кои подразбираат тешка работа или се поврзани со опасни услови за работа, а сега ги има само стотина.
Жените, како што пренесува Тасс, ќе можат да бидат и капетани на брод, но и морнари, како и возачи на брзи возови.
Меѓу професиите кои остануваат забранети за жените се оние поврзани за хемиското производство, рударство, бушотини, обработка на метал, професии за заварување, производство на анфта и гас, индустрија на обоени и необоени метали, електронска и радиотехничка индустрија, производство и одржување авиони, односно бродови и други тешки професии.