Промовирани огласи »

Управата за јавни работи на Катар почнала, заедно со јапонска компанија, да реализира експериментален проект за фарбање улици во сина боја во центарот на Доха. Овој пилот проект е во рамки на борбата против екстремните горештини.

„Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската темепература, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина“, вели градскиот инженер на Доха, Saad el Doseri, пренесува катарскиот лист „Раја“.

Според неговите зборови фарбањето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Во моментов патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на дрвја може да порасне и до 50 степени Целзиусови.

Промовирани огласи »

Одите на работа, пиете кафе, правите дневен план и започнувате со обврските. Најголемиот дел до македонските работници првата пауза на работа ја имаат некаде околу 13 или 14 часот. Според некои најнови истражувања, голем број од работниците прават грешка кога заминуваат на пауза.

Средно утро е најдобро време за пауза

Професорите Емили Хантер и Синди Ву од Универзитетот Бејлор истражувале кое време од денот е најдобро за пауза на работа и откриле дека попладневната пауза воопшто не е идеална, туку средното утро е најдоброто време за да се одморите од обврските.

Тие докажаа дека одморот во ова време од денот најдобро ја подобрува енергијата, концентрацијата и мотивацијата. Исто така, откриено е дека паузите што ги правите подоцна во текот на денот имаат многу помал ефект.

Повеќе кратки паузи, отколку една долга

Ако забележите дека повеќе ви одговараат почести пократки паузи наместо една долга пауза, одлучете се за овој вид на одмор. Беше спроведено истражување во кое 95 вработени на возраст меѓу 22 и 67 години учествуваа за време на една работна недела.

Секоја личност мораше да ја сними секоја пауза што ја има за време на работното време. Резултатите покажаа дека вработените искористиле 959 паузи, или во просек по две паузи од едно лице.

Промовирани огласи »

Тестирана е нова технологија што може да обезбеди поголема безбедност при безготовинско плаќање.

Платежните картички од новата генерација треба да ја подигнат ефикасноста безбедноста при плаќање на повисоко ниво, според „Би-Би-Би-Си Клик“, а новитет е што тие содржат читач за отпечатоци.Овие картички би можеле да се користат уште следната година, и се чини дека четирицифрениот пин полека оди во историјата.
Таквите картички не се разликуваат од стандардните, ниту пак бараат никаков вид на напојување, бидејќи ја црпат потребната енергија од терминалот а наплата. Сè што треба е картичка да го сними  отпечатокот од прстот од различни агли, така што никој не може да го користи, па дури и да го фалсификува. Истражувањата покажуваат дека мислењата на корисниците се поделени, некои чекаат да воведат биометриска технологија во платниот систем, а некои не.
„Проблемот е во тоа што исто така е неопходно да се опремат продавниците со читачи и терминали што можат да го прочитаат овој вид на (биометриска) верификација“, рече Георгина Булки, директор за стратегија и иновации во РБС / Натвест.

Промовирани огласи »

По повод претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица) ЈП ПОЦ информира дека на 28.08.2019 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 29.08.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »