Промовирани огласи »

По повод претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица) ЈП ПОЦ информира дека на 28.08.2019 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 29.08.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

“BACK TO SCHOOL” акција во „Нептун"! До 17-ти септември големи попусти на смартфони, лаптопи, таблети и до 24 рати без камата со haPPy кредит, кредитни картички и синдикална продажба.

На почетокот на школската година подновете се вие и вашите најсакани по одлични цени и со можност за плаќање до 24 рати без камата! Разгледајте ги одличните понуди онлајн на Neptun.mk или во 25-те продажни салони на „Нептун" ширум Македонија. Во „Нептун" може да најдете производи од вашите омилени брендови: Samsung, Huawei, Apple, Asus, Acer, Lenovo, HP, Lenovo, Canon, Sony, Xiaomi и многу други.

„Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, мобилна апликација NEPTUN за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. „Нептун" лансираше и дигитална верзија на “haPPy” картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка “haPPy” картичка на својот мобилен телефон преку веб сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат “haPPy” картичка, „Нептун" им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн “дигитална haPPy” картичка на 50% попуст. Со дигиталната “haPPy” картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на “Нептун” ширум Македонија како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.

По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден.

Промовирани огласи »

Еколошката свест веќе не претставува луксуз, туку потреба. Поради овие причини, Германија од 2016-та воведе закон со кој се наплаќа користењето пластични ќеси. Според податоците од германското министерство за животна средина, од 2016 до 2019 година има пад од 64 отсто во употребата на пластични ќеси. Германија сака да продолжи со овој тренд и целосно да ги укине пластичните ќеси за да ги достигне европските регулативи. Според новите регулативи, Европската Унија до 2021 година ќе ги забрани производите од пластика за еднократна употреба, како што се пластичните сламки, виљушки, ножеви, како и другите производи од пластика. На оваа иницијатива се приклучува и локалната власт на Белград. Горан Весиќ, заменик-градоначалник на Белград, објави во медиумите дека од 1 јануари следната година ќе ги забрани пластичните ќеси и тие нема да смеат да се нудат во малопродажните објекти. Формалната одлука ќе биде донесена на седница на Собранието на градот Белград до крајот на месецов.


Секојдневно при купувањето разни намирници граѓаните користат биоразградливи ќеси. Но и тие сепак се пластични, иако имаат способност побрзо да се разградуваат од пластичните. Некои од еколошките организации тврдат дека користењето на овие ќеси исто така придонесува за загадување на околината. Токму поради овие причини, европските држави и многу други во светот прават напори за целосно укинување на употребата на пластичните ќеси.

Обичните пластични ќесиња кај нас се користеа до 2013 година, а потоа, поради промени во законската регулатива, стана задолжителна употребата на биоразградливите. Таа регулатива сѐ уште важи и доколку не се почитуваат правилата за стандардите на биоразградливост, се предвидува глоба од 3.000 евра, како за производителот, така и за трговецот. Сите маркети и продавници, не сакајќи финансиски да си наштетат, го почитуваат ова законско решение и ги користат биоразградливите ќеси. Но некои еколошки здруженија тврдат дека биоразградливите ќеси не се вистински разградливи. Тие воопшто не се разликуваат од пластичните по нивниот состав, единствената разлика се биоадитивите.

Според повеќето истражувања, за да се разградат пластичните ќесиња се потребни околу 200 години. Биоразградливите се разградуваат за пократок временски период, но, пак, станува збор за пластика. Материјалот што се користи кај нашите биоразградливи ќесиња теоретски ги исполнува условите за разградливост како што е дефинирано во стандардите, ама ќесата треба да е изложена на сонце за да се распаѓа – велат од здружението „Екосвест“.

Слични податоци наведува истражувањето од универзитетот „Плимонт“, кое ја истражува разградливоста на биоразградливите ќеси. Истражувачите од универзитетот ја испитувале деградацијата на пет биоразградливи ќеси во Велика Британија. Ќесите биле изложени на разни влијанија, едни од нив биле потопени во вода, други напластени со ѓубре. Студијата покажала дека биоразградливите пластични ќеси сè уште се способни да носат целосен товар откако биле изложени во природата на надворешни услови во рок од три години. Професорот по морска биологија Ричард Томсон за „Јуроњуз“ вели дека биоразградливите пластични ќеси едноставно не се разградливи во некое скоро време во природна средина.

Од „Екосвест“ исто така додаваат дека, и да имаат услови да се разградат, биоразградливите ќеси се разградуваат во помала или таканаречена микропластика, која, сепак, останува во природата долго време.

Овие ќеси во природата не се разградуваат туку само се распаѓаат на помали парчиња, кои потешко се забележуваат. Поради илјадниците „биоразградливи“ ќеси што се користат, депониите се еден од најголемите загадувачи на воздухот и почвата. Затоа мора да се размислува на рециклирање на пластиката, а не на производство на нова – велат од „Екосвест“.

Истражувањата на „Сајентифик Америка“ покажуваат дека во рибите од океаните и морињата е најдена микропластика. Исто така овие мали парчиња пластика се апсорбираат во почвата и воздухот, што претставува закана за здравјето на животните и луѓето. Со сите случувања во светот, поимот еколошка свест почнува да добива друга димензија. Негрижата за природата придонесува за низа негативни ефекти, кои ги гледаме и преку глобалното затоплување. Истото тоа се случува и со недоволната грижа за селектирањето и рециклирањето на отпадот. Дали и кај нас може да се продолжи иницијативата за укинување на пластичните ќеси, не добивме одговор ниту од Министерство за животна средина и просторно планирање, ниту, пак, од градот Скопје.

Но од еколошките здруженија апелираат дека треба да се преземе нешто, затоа што пополека процесот станува иреверзибилен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »