Промовирани огласи »

Националниот младински совет на Македонија има потреба од ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР: https://kariera.mk/job/KSxer6Nf0kWrCOsqQmWh_A/generalen-sekretar

Sport Vision со отворено работно место во Струмица за ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ: https://kariera.mk/job/l0a0cCF-qEOTippwlIxwTw/prodazhen-asistent-strumica

За своите канцеларии во Скопје, Mellon Solutions вработува IT SYSTEM ENGINEER: https://kariera.mk/job/oL3sGMGYyU6Jkv4L9d4X9g/it-system-engineer

Електродистрибуција со отворени повеќе работни места: https://kariera.mk/company/BgFYmp_0IkybJ5Y5kHJFnw/elektrodistribucija-dooel-skopje

Стоматолошка ординација лоцирана во Аеродром има потреба од СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА со или без работно искуство: https://kariera.mk/job/955pPTcx9U-zJme-vZtBdA/stomatoloshka-sestra 

Гемма инженеринг е во потрега по ГРАДИНАР и ДОМАЌИН НА КУЌА: https://kariera.mk/job/6R3zm1pCV0WWSGfIzob-Cg/gradinar-i-domakjin-na-kukja-i-dvor

Промовирани огласи »

Новата веб апликација “МојДДВ“ ќе биде достапна во следните денови на интернет страницата на УЈП. Со новата веб апликација, граѓаните ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки.

Новата веб апликација деновиве ќе биде достапна преку интернет страната на Управата за јавни приходи, а начинот на користење е ист како и кај мобилната верзија.

Веб апликацијата ќе им овозможи на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка. Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка за која е веќе издадена сметкопотврда која гласи на фирма.

Инаку, мерката поврат на ДДВ стартуваше на 1 јули годинава, а првата исплата ќе се реализира во декември.

Право на поврат на ДДВ има секое физичко лице со наполнети 15 години, важечка лична карта и трансакциска сметка, а лимитот за поврат на ДДВ на годишно ниво изнесува 7.200 денари за едно лице.

Промовирани огласи »

Управата за јавни работи на Катар почнала, заедно со јапонска компанија, да реализира експериментален проект за фарбање улици во сина боја во центарот на Доха. Овој пилот проект е во рамки на борбата против екстремните горештини.

„Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската темепература, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина“, вели градскиот инженер на Доха, Saad el Doseri, пренесува катарскиот лист „Раја“.

Според неговите зборови фарбањето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Во моментов патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на дрвја може да порасне и до 50 степени Целзиусови.

Промовирани огласи »

Одите на работа, пиете кафе, правите дневен план и започнувате со обврските. Најголемиот дел до македонските работници првата пауза на работа ја имаат некаде околу 13 или 14 часот. Според некои најнови истражувања, голем број од работниците прават грешка кога заминуваат на пауза.

Средно утро е најдобро време за пауза

Професорите Емили Хантер и Синди Ву од Универзитетот Бејлор истражувале кое време од денот е најдобро за пауза на работа и откриле дека попладневната пауза воопшто не е идеална, туку средното утро е најдоброто време за да се одморите од обврските.

Тие докажаа дека одморот во ова време од денот најдобро ја подобрува енергијата, концентрацијата и мотивацијата. Исто така, откриено е дека паузите што ги правите подоцна во текот на денот имаат многу помал ефект.

Повеќе кратки паузи, отколку една долга

Ако забележите дека повеќе ви одговараат почести пократки паузи наместо една долга пауза, одлучете се за овој вид на одмор. Беше спроведено истражување во кое 95 вработени на возраст меѓу 22 и 67 години учествуваа за време на една работна недела.

Секоја личност мораше да ја сними секоја пауза што ја има за време на работното време. Резултатите покажаа дека вработените искористиле 959 паузи, или во просек по две паузи од едно лице.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »