Промовирани огласи »

Општина Аеродром ја известува јавноста дека се апсолутно невистинити информациите што се шират деновиве на дел од социјалните мрежи за наводно вцртување згради во зеленилото во деталниот урбанистички план за Ново Лисиче.

Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и на некои петиции. Во планот за Ново Лисиче ЈИ02 што е посочен во лажните вести е вцртано Д1, односно парковско зеленило, не постојат ниту се предвидени згради на таа локација. Очигледно, станува збор за ширење дезинформации што може да ги доведат граѓаните во заблуда. Општина Аеродром работи транспарентно и новите детални урбанистички планови ги изработува според највисоки стандарди и во консултација со граѓаните - велат од општината.


Затоа, ги посочуваме граѓаните и самите изворно да ги проверат информациите за деталните урбанистички планови на официјалната општинска интернет-страница, каде што јасно може да се види дека детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета.
Имено, на општинската веб-страница www.aerodrom.gov.mk треба да се кликне на банерот за ГИС (Географски информациски систем на Општина Аеродром за граѓани). Кога ќе се отвори ГИС-от, треба да се кликне на третото копче лоцирано на горниот лев агол. Потоа се штиклираат полињата „ДУП“ и „Синтезен“, при што се отвора детален преглед на сите ДУП-ови за целата територија на Општина Аеродром.
Напоменуваме дека ГИС-от е најмеродавен извор на ажурирани информации за деталните урбанистички планови на глобално ниво.

Промовирани огласи »

Жителите на општината Центар ќе можат да ги поправат и санираат постојните кровни конструкции, поточно да ги заменат постојните азбесни со еколошки, но и да ги реконструираат рамните проодни и непроодни тераси. Исто така ќе имаат можност и да ги поправат и постојните лифтови на станбени згради, доколку се технички неисправни, но и да ги модернизираат и да усогласат со безбедносните барања и подобрување на нивната безбедност, со помош од локалната самоуправа.

За таа цел, Општината Центар распиша јавен повик за нивна финансиска поддршка.

Проектот финансиски ќе биде поддржан од општина Центар и тоа во висина од 30%, но не повеќе од 150.000  денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и не повеќе од 300.000 денари  за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Преостанатите 70% ќе ги обезбедат сопствениците на посебни делови преку кредитирање, или во готово.

Селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Предуслов за исплатата на средствата од страна на општината ќе биде потпишан договор со избрана фирма од страна на заедницата на станари или управителот и уплатен аванс. По нивно приложување средствата ќе бидат префрлени на сметка на заедницата или управителот на зградата.

Сопствениците на станови треба да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда. Воедно, најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (да се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови). Исто така, право на учество имаат сите влезови поединечно кои имаат регистрирано заедница на сопственици на станови или имаат избрано управител.

Заинтересираните треба да поднесат пријава на пропишан образец кој може да се подигне на пријавницата во барака 3, во архивата на Општина Центар – барака 6 или на интернет страницата www.centar.gov.mk.

Пријавите заедно со  сите документи можат да се достават во периодот од 16 до 30 септември 2019 година и тоа во затворено плико, директно во архивата на Општина Центар, во барака 6 – Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина, секој работен ден во периодот од 9 до 15 часот или по пошта на адреса: улица „Михаил Цоков“ бб – Скопје.

Промовирани огласи »

Се враќаме ли чекор назад кога е во прашање електронското општество ? Последните информации говорат за тоа дека старите здравствени легитамации се враќаат во оптек. Така наречените здравствени книшки повторно се бараат од пациентите со цел препишување на рецепти, терапија за лекување. Ова го тврдат дел од докторите кои упатуваат граѓаните сите свои поплаки и жалби да ги упатат кон институциите а не кон ординациите. 

„Почитувани пациенти,

Со писмен допис ни е повторно наложено да пишуваме во хартиените здравствени легитимации т. н. книшки.
Доколку немате книшка, набавете итно и заверете си ја веднаш бидејќи без неа не смееме да ви препишеме рецепти.
Терапија хронична за повеќе месеци однапред станува невозможна мисија!

За сите застои и гужви во иднина, предизвикани од овој уназадувачки и нерационален потег, однапред ве известувам да се жалите во институциите, не кај нас во ординации! “ - напиша доктор Ненад Лазаров на својот ФБ - профил. 

Промовирани огласи »

Електрани на Северна Македонија, односно поранешно АД ЕЛЕМ, ќе биде субјектот кој ќе дава до 60.000 денари, односно целосно ќе ги исплаќа купените инвертер клими во трите најзагадени градови во Македонија - Скопје, Битола и Тетово.

Ова го потврди директорот на компанијата Васко Ковачески, кој вели дека проектот е во самиот почеток и дека за оваа мерка ќе биде потребно да се издвојат од 3 до 4 милиони денари.

Според тоа, жителите ке треба да ги заменат печките на дрва, а тоа би било целосно бесплатно со инвертер клими до илјада евра.

Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер клими. До стартот на грејната сезона има нешто повеќе од еден месец.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »