Промовирани огласи »

Главниот извршен директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, на „Твитер“ објави дека компанијата наскоро ќе ги пласира своите автомобили на пазарите во Србија, Словачка и Хрватска.

„Се надеваме на отворање во Словачка, Хрватска, Србија и голем дел од источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд што има свои автомобили во земјите од каде има потекло“, напиша Маск на својот профил на „Твитер“, а пренесе IBT.

Маск на овој начин му оддава почит на Никола Тесла, научниот генијалец според кој е именуван аммериканскиот производител на електрични автомобили.

Маск тврди дека продавниците на „Тесла“ на овие пазари ќе бидат најдобар омаж за овој изумител, инженер и футуристист, кој дал голем придонес во креирањето на модерниот систем за напојување со наизменична електрична енергија.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Во организација на Националната Асоцијација на иноватори на Македонија (NAIM), денеска во Домот на АРМ  во Скопје, со почеток во 13 часот, ќе биде отворен Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии  „ИНОВАМАК 2019“.

На тридневната саемска манифестација што ќе се одржува во Домот на АРМ – Скопје, учество ќе земат над 100 иноватори од повеќе од 20 држави, како и студенти од Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Помеѓу гостите на саемот се и генералниот директор на Светска Федерација на иноваторски асоцијации – IFIA, Хусеин Хујиќ, проф. д-р Зенгпеи Ксуан од Асоцијацијата на иноватори од Народна Република Кина, како и амбасадорот за СТЕМ образование и менаџер на работната мрежа за млади во IFIA, проф. Винфрид Штурм.
На прес-конференцијата по повод отворањето на саемот ќе се обрати потпретседателот на Националната асоцијација на иноватори Мирко Узелац.

Промовирани огласи »

Словенечката авиокомпанијата „Адриа ервејс“ привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.

Адриа Ервејс ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети.

Причина за привремениот прекин на летовите е последица на моменталната неликвидност на компанијата неопходна за непречено летање. Компанијата работи на изнаоѓање решенија во соработка со потенциален инвеститор. Целта на сите вклучени е Адриа Ервејс повторно да лета и дека прекинот на летовите е навистина привремен. Компанијата длабоко се извинува за ситуацијата на сите патници и партнери, се вели во соопштението од Адриа Ервејс.

Од Адриа Ервејс им препорачуваат на своите патници и партнери да ги следат онлајн соопштенијата на нивната официјална веб страница www.adria.si

Промовирани огласи »

Дезинформација е дека се подготвува закон со кој мажите и жените пред пензија би работеле со скратено работно време без да им се намали платата, тврдат и од Организацијата на работодавачи, која учествува во подготовката на законите од работната сфера.

Претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, вели дека таа информација е чиста измислица и дека во подготовките на Законот за работни односи, преку кој наводно би се внела таква новина, не станало збор за нешто такво. Претходно демантираше и министерката за труд и социјална полiтика Мила Царовска, откако голем број медиуми, претежно портали, објавија дека со новиот закон за рабoтни односи, кој е во подготовка, Министерството ќе предвиди жените над 60 и мажите над 62 години да работат по шест часа дневно за полна плата, а преостанатите два часа да ги доработуваат млади, кои за тој ангажман би ги плаќала државата.

Таа прецизираше дека во моментов работат неколку работни групи со сите засегнати страни, кои имаат можност да учествуваат и да даваат предлози и размислувања. Кога ќе биде изработен законот, ќе има јавна дебата, па потоа ќе се донесе.

Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој известувал за тоа оти таква информација има од МТСП. Донесувањето на законот за работни односи се врши на транспарентен начин, рече таа.

Од Министерството информираат дека во подготовка е сосема нов закон за работни односи, од кој сè уште не можат да се соопштат детали, но се очекува тоа да се направи наскоро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »