Оваа година на пазарот треба да се појави јубилејниот смартфон на Apple. Очекувањата за уредот се големи, а гласините околу него стануваат се повеќе.
Тие вклучуваат извиткан OLED екран, двојна камера и безжично полнење.
Најнови информации за новиот iPhone дојдоа од јапонскиот сајт Macotakara. Според публикација во него уредот нема да го носи името iPhone 8, како што се мислеше, туку iPhone Edition.
Истото име беше користено за луксузната верзија на смарт часовникот на компанијата Apple Watch Edition, кој се продава по цена од над 10 000 долари и е изработена од 18-каратно злато.
Веројатно изборот на името не е случаен. Аналитичарите сметаат дека моделот по повод 10-годишнината од излегувањето на смартфоните на пазарот, ќе биде повеќе од обичен iPhone и поради тоа најверојатно ќе има повисока цена – околу 1.000 долари.
Други, пак, стравуваат дека тој ќе дебитира подоцна од септември, кога од Apple ќе се организираат традиционални настани, на кои се презентираат новите уреди.