Промовирани огласи »

Прво да се донесе законот за субвенционирање на придонесите и тој да биде во сила најмалку еден месец, да се види какви ќе бидат ефектите од него, па потоа да се зголеми минималната плата. 

Ова, според сознанијата на Фактор, е барањето кое работодавачите го испорачале до Владата, а денеска се разгледува и на Економсо-социјалниот совет. По изгладувањето на последните финеси меѓу бизнисот и власта, законското решение треба да се најде на усвојување на Владата, а потоа да оди и во собраниска процедура.

Или, законот за субвенционирање мора да стапи на сила најдоцна до 10 ноември, бидејќи субвенциите за покривање на придонесите државата ќе почне да им ги исплатува на работодавачите веќе со октомвриската плата, која се зема во ноември.

Дотогаш треба да биде готов и специјалниот софтвер на Управата за јавни приходи, преку кој, кога компаниите ќе ги внесуваат МПИН обрасците за пресметка на плати, софтверот директно ќе ја пресметува висината на субвенцијата на секој работодавач посебно, и за таа сума ќе се намалува обврската на работодавачот за плаќање на придонесот. 

„Би било добро за стопанството прво да почекаме барем еден месец за да видиме какви ќе бидат ефектите од законот за субвенционирање на придонесите, па птоа да се зголеми минималната плата“, вели за Фактор Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи. 

Со оглед на ова, доколку Владата го прифати барањето на работодавачите, минималната плата, која сега е 12.500 денари, не би можела да се зголеми пред крајот на ноември или декември оваа година. 

Според сознанијата, барањето на работодавачите е минималната плата да не се зголемува нагло, туку тоа да оди постепено. Првото зголемување ќе биде до крајот на годинава, второто идната година, и дури во 2021 година да се постигне ветувањето на сега владејачката партија пред изборите, односно минималната плата да достигне 16 илјади денари. 

А со законот за субвенционирање на придонесите, пак, се планира за секој газда што ќе ја зголеми платата на своите работници од 600 до 6.000 денари, за тој износ да биде ослободен од плаќањето на придонеси, но да не биде ослободен од плаќањето на персоналниот данок. Мерката ќе важи за сите компании и вработени во приватниот сектор, но не и за јавната администрација. 

За утврдување на платата ќе се земе просек од три месеци, но се планираше да се утврдат три месеци пред да се објави намерата за мерката, бидејќи некои работодавачи веќе ги намалиле платите, за потоа да ги искористат владините бенефиции. 

Мерката ќе може да ја користат фирми кои редовно исплаќале плата на вработени, односно немаат доспеани долгови за плати, не се во стечај или ликвидација, и не добиваат некој друг вид на субвенција за поттикнување на вработувањето. 

Работодавачот ќе треба да означи за кои вработени ќе бара субвенции, што значи дека нив ќе им ја зголеми платата. Мерката ќе важи три години. 

Од Владата очекуваат дека за околу 20 до 25 вработени од приватниот сектор работодавачите ќе побараат субвенции на придонесите.

Оваа година од државната каса за оваа мерка се планира да се потрошат 6,5 милиони евра.

Извор Фактор.мк

Промовирани огласи »

Бизнис состаноците се доста важни. Тие ја претставуваат компанијата, тогаш се прават најважните договори и тогаш се зголемува продажбата. Ако сакате да бидете голем играч во бизнисот и да успеете во работата, мора да ги почитувате манирите.

Дојдете подготвени и навреме- Доколку сте домаќини, испратете покана за состанок што вклучува агенда, време, место и очекувано траење. Ако сте на крајот на поканата, секогаш одговорете, прочитајте ја агендата и доколку побарате да зборувате, подгответе ги вашите белешки и слајдови однапред за да избегнете да го губите времето на луѓето.

Облечете се соодветно за да ве почитуваат- Првите впечатоци се многу важни и луѓето ќе направат претпоставки за вашето ниво на стручност, стаж и моќ за донесување одлуки, врз основа на она што го носите.

Не го чепкајте вашиот мобилен телефон- Вашиот мобилен телефон мора да биде на нечујно. Одговарање на порака, повик или проверка на фотографиите од инстаграм е грубо, но, ако апсолутно треба да се јавите, понудете кратко извинување и излезете од просторијата колку што е можно повеќе тивко.

Промовирани огласи »

Продолжува голготата низ институциите на 59 годишниот Бане Најдовски од Ајватовци кој неколкупати го одбиваат за инвалидска пензија. Неговото семејство бара помош од Министерството за труд и социјална политика и денеска доставиле претставка адресирана лично до Мила Царовска.

Покрај решенија од ПИОМ дека Бане и покрај деменција, неколку прележани мозочни удари и дијабет е работоспособен, во документацијата до министерката има и нови медицински извештаи од специјалисти за неговата здравствена состојба.

-Претставката за овој предмет е стигната и ќе биде разгледана. Во вакви случаи, МТСП бара од Фондот да одговори за наводите во претставката или бара од Фондот да изврши увид во предметот, по што лицето ќе добие одговор со конкретни насоки и препораки за понатамошно постапување во остварување на правото за пензија, велат од Министерството.

Овие денови претставка до Министерството за труд и социјала најави и 52 годишниот Ацо Јовановски од Скопје, кој трипати го одбиваат за инвалидска пензија иако има тешки последици по прележан мозочен удар во 2013 година. Во меѓувреме, Јовановски го чека и одговорот од Управниот суд до кого поднесе тужба поради тврдењето на Комисијата дека е работоспособен и покрај медицинските извештаи за неговото отежнато движење.

Во меѓувреме никако да добиеме одговор од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и покрај неколкуте прашања поставени изминатите денови – Што предвидува правилникот според кој работат лекарите во Комисијата, во каква здравствена состојба треба да биде пациент за да добие инвалидска пензија и колкав е буџетот на годишно ниво за овие пензии.

Промовирани огласи »

Вкупниот број на укинати работни места што ги објавија банките во 2019 година се искачи на скоро 60.000, јави Блумберг.

Најновите информации доаѓаат од „Комерцбанк“, во кои се вели дека планираат да намалат 4.500 работни места како резултат на напорите за реструктуирање, што започна пред три години.
Тоа носи вкупен број од 58.200 намалени работни места во банкарскиот сектор, нагласува Блумберг.
Околу 90 отсто од тие позиции се укинати во Европа, каде економијата забавува и банките се борат со негативни каматни стапки. Дојче банка, ХСБЦ и Сантандер исто така укинаа илјадници работни места низ целиот континент.
Германските банки се во најлоша состојба и најавија најголеми намалувања на работните места досега. Дојче Банк е на врвот на списокот, објавувајќи во јули дека ќе намали 18.000 работни места до 2022 година, како дел од реструктуирање на банка од 8,3 милијарди американски долари.
Банките во Шпанија, Велика Британија и Франција, исто така, намалија работни места за да ја зголемат профитабилноста. Потребата да се зголемат профитите доаѓа од глобално ниските каматни стапки, дизајнирани да го катализираат обележувањето на економскиот раст. Трговската војна меѓу САД и Кина е одговорна исто така за голем дел од тоа забавување.
Во меѓувреме, американските банки оставруваат бизнис успеси на сметка на европските. Џеј-Пи Морган стекна милијарди долари имот од хеџ фондови кои претходно беа во сопственост на Дојче банк.  Морган Стенли, Голдман Сакс, Банк оф Америка и Ситигруп исто така стекнаа милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »