Промовирани огласи »

Дигитално решение на европскиот извештај што се пополнува при сообраќајки е еден од предлозите на осигурителната индустрија и регулаторот во оваа област за натамошна дигитализација на процесите.

Потенцијалот со дигитализацијата, како што информираа денеска на прес-конференција, е огромен за развој на осигурителната индустрија во којашто ќе опстојат само тие што ќе ги прифатат промените. Од 11 компании на домашниот пазар само седум нудат онлајн продажба на патничко осигурување.

Прототипот на мобилната апликација за европскиот извештај го изработија студенти изминатиот викенд на хакатонот што се одржа во Скопје, а ќе биде претставен на настанот ИншурТек, што ќе се одржи на 2 и 3 следниот месец во Скопје, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување и Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија.

Старт ап компании на настанот ќе презентираат дигитални решенија за подобрување на процесите на осигурителната индустрија.

Со оваа мобилна апликација ќе нема потреба од изработка на хартиена  форма на Европскиот извештај и рачно пополнување ан податоците,  преку Гугл локација ќе се утврди местото на несреќата и ќе има можност и да се изврши сликање и да се испратат електронски до друштвата за осигурување без да има потреба да се оди кај нив. На тој начин ќе се скрати процесот на решавање и утврдување на штети. Хартиената форма нема да биде исклучена и ќе функционира паралелно, информира Климе Поповски, претседател на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Како што потенцираше Ѓорѓе Војновиќ од Здружението на финансиски организации, дигитализацијата се одвива малку поспоро во нашата индустрија, но е неминовен процес за модернизација на целокупните процеси во осигурувањето, од продажба до решавање на штетите.

Пазарот на осигурување и компаниите во Македонија се уште функционираат на еден традиционален начин со директна продажба, а нашите системи се уште се во фаза на доработеа за почеток на дигитализација. Почетоците на дигитализација во делот на продажба и проценка на штети се на пониско ниво, но сепак радува освртот на компаниите кон тоа. Имаме пораст во обновата на автоодговорноста, кај онлајн продажбата на патничкото здравствено осигурување, некои компании воведуваат обнова и продажба на осигурување на домот преку интернет, а имаме и компанија којашто воведува дигитална проценка на штетите, наведе Војновиќ.

Осигурителниот пазар во државава во првата половина од годинава бележи пораст од 6,87 проценти, при што кај неживотното осигурување има зголемување од 5,5 проценти, а кај осигурувањето на живот од 15,5 проценти.

Промовирани огласи »

Од утре се укинуваат квотите за земање лекови од аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев вели дека од оваа мерка бенефит ќе имаат сите граѓани, лекари и медицински работници, нема да се создаваат гужви, а граѓаните ќе немаат потреба да трупаат залихи на лекови дома. Дополнително при секое подигање на лек, граѓаните ќе треба да се легитимираат со лична карта.

„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека во кое било време без разлика дали е почеток или крај на месец. Се елиминираат редовни турканици во првите денови од месецот заради препишување на рецепти. Легитимирањето сепак не значи дека постарите лица кои не моат да дојдат до апетка и помладите до 18 години ќе останат без лековите. Во нивно име ќе ги подигнат нивни блиски, рече Дончев.

Премиерот Зоран Заев рече дека државата е ликвидна и може да го дозволи ова, но и дека се вади психолошката бариера да се трупаат лекови дома.

„Ќе има и поголема контрола, сепак. Сепак се вади некоја тешкотија граѓаните да земаат лекови. Достапноста на лековите до граѓаните е многу значајана работа. Тоа е приоритет за нас и за граѓаните, рече Заев.

Вели дека ефектот за буџетот ќе биде од 200 до 300 милиони денари, но тврди дека буџетот е во одлична состојба.

Заев вели дека се фокусираат на капитални проеки во здравството и на зголемување на платите на медицинските работници, а нето платата на специјалистите да стаса до 100.000 денари нето приход.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Промовирани огласи »

Ден Прајс, шеф на фирмата Greviti pejments од Сиетл, пред 4 години и сега ја намалил својата плата, за да им даде покачување на работниците. 

До 2024 година тие ќе имаат плата од 70.000 долари. 

Шефот во 2015 година ја намалил својата плата, затоа што сметал дека емоционалната благосостојба на работници ќе влијае тие да бидат подобри работници. 

Сите предвидувале пропаст, но тоа не се случи, напротив. 

Со текот на времето профитот на компанијата двојно се зголемил. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »