Промовирани огласи »

Со новата комунална опрема, во Скопје конечно се создаваат услови видливо да се подобри состојбата со хигиената на јавните површни.

Во овој процес треба да учествуваме сите заедно – ние како институции, но и граѓаните како луѓе што го сакаат својот град, чист и убав.

Секој во рамките на својата општествена одговорност конечно да го заземе вистинското место и да го даде својот придонес за почисто и поубаво Скопје“-се вели во известувањето од Град Скопје.

Набавени се 540 нови контејнери, 30 нови контејнери за селектирање на отпад, 950 нови корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини, како и камиони за подигнување на новите контејнери.

Промовирани огласи »

Владата и Министерството за образование и наука на Синдикакот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година. Тоа е исходот од средбата што попладнево се одржа во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Арбер Адеми со претседателот на СОНК, Јаким Неделков. За понудениот предлог СОНК ќе го запознае членството и од него ќе зависи дали е прифатлив или не.

Адеми и Неделков во изјава за медиумите рекоа дека средбата била конструктивна. Според министерот, новите 10 проценти од април ќе бидат дополнителни на двете претходни зголемувања од по 5 проценти (ланскиот и овој септември). Неделков, пак, рече дека секогаш може повеќе.

Јас би кажал дека  ова е историско покачување  на платите  во дејноста образование. Конкретниот предлог е од април платите да бидат покачени за дополнителни  10 проценти, почнувајќи од  основно, средно, високо и наука, изјави Адеми. Рече дека предлогот утре ќе биде разгледан и на седница на Владата. Ќе ја чекаат одлуката на Советот на СОНК за, како што рече, да бидат информирани за исходот од преговорите. Нагласи дека со донесените закони се залагаат за кариерен развој и за подобрување на материјалниот и социјалниот статус на наставниците.

Лидерот на СОНК, Неделков, рече дека одлуката дали ќе го прифатат или не овој предлог за 10 отсто од април ќе ја знаат до крајот на оваа или на почетокот на наредната недела. Рече дека за понудениот предлог Советот на СОНК ќе расправа уште утре, а потоа ќе чекаат повратен одговор од нивното членство.

Неколку дена ќе ни требаат за да одговориме на предлогот и да кажеме дали сме задоволни или не. Тоа е процедура која ќе трае до крајот на неделава или до почетокот на наредната. Предлогот ќе биде утре на седница на Советот на СОНК; потоа до членството и тие треба да дадат виза за прифаќање или отфрлање, рече Неделков. Како што рече, лично тој секогаш е за повеќе, посочувајќи дека остануваат уште неколку проценти од понудените за да стигнат до процентот за колку што е зголемена минималната плата.

Барањето на СОНК од почетокот на учебната година беше зголемување на платите на наставниците за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државава, односно до 25 проценти. Синдикатот на првиот училишен ден одржа предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде генерален ако за еден месец не биде постигнат договор со Владата. 

Промовирани огласи »

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Промовирани огласи »

АД ЕСМ, подружница „Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија, пред официјалниот почеток на грејната сезона.

Парно греење од „Енергетика” денеска добија 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »