Промовирани огласи »

Како се ближи крајот на годината, работниците се „острат“ за К15. Газдите се на потег да ја исполнат својата законска обврска, за што имаат уште два месеци.

Но, дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите, задолжен е да проверува Државниот пазарен инспекторат.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Скопје ноќва е најзагадениот главен град во Европа. Според густината на ПМ10 честичките, Скопје се наоѓа и меѓу лидерите по загаденост на воздухот на светско ниво.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека локалната власт не може сама да се справи со загаденоста и дека за енормното загадување на главниот град придонеле и градоначалниците на другите општини околу Скопје.

Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места.

Ова негова реакција следува откако Скопје денеска беше петти најзагаден град во светот.

Промовирани огласи »

Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

Ова вчера на седница го усвои Владата заедно со усогласувањата во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се предвидени значителни намалувања на казните. Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.

Промовирани огласи »

Singular е во потрага по DATABASE ADMINISTRATOR: https://kariera.mk/job/QqbAidcURkKi-36xBNHSLg/database-administrator

Се бараат МЕНАЏЕРИ на новоотворени продавници во Скопје во кои ќе се продаваат производи на италијански моден бренд со повеќе од 40 години традиција: https://kariera.mk/job/1u_duExqG0mitztvoPskVQ/menadjer-na-prodavnica

Бато енд Дивајн графикс центар вработува ОПЕРАТОРИ/КИ НА ПЕЧАТАРСКИ МАШИНИ: https://kariera.mk/job/gmnGDBV6H0Sl2xkP0jTSEw/operatori-ki-na-pechatarski-mashini

Доколку сакате да работите како SOCIAL MEDIA MANAGER, ова е шанса за Вас: https://kariera.mk/job/W-maA57n5kG739wWe5cfow/social-media-manager

Matrix Global со отворени работни места за:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »