Промовирани огласи »

Во Скопје ќе се воведе електричен трамвај на гуми кој ќе чини 100 милиони евра, кажа денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање, пренесува СДК.

„Со Град Скопје ќе влеземе во воведување електричен трамвај на гуми за што се потребни 100 милиони евра. Ќе подигнеме кредитна линија за да можеме да воведеме еколошки превоз како мерка против загадувањето“, рече Заев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев го праша Заев дали и по три години власт сѐ уште мисли дека неговата партија е виновна за проблемот со загадувањето.

„Скопје деновиве е европски шампион во загадување. До која фаза ви е гасификацијата каде е новиот современ јавен превоз во Скопје, гасификацијата на болницата во Чаир и студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу, зошто субвенциите за инвертерите доцнат. Доста е веќе од вашите одговори кои почнуваат со ’ќе‘“, рече Данев.

Премиерот Зоран Заев кажа дека жали што прашањето за загадувањето се отворило и на него се работи последниве 2 години.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Промовирани огласи »

Од денеска ќе има намалување на kaзните во сообраќајот, бидејќи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, според кој казната на физичкото лице не може да биде поголема од 250 евра.

Додека пак новина за правните лица е тоа што kазната ќе зависи од тоа дали се работи за мало, средно или големо претпријатие.

Исклучок за kaзната на физичките лица, каде тие можат да бидат поголеми од 250 евра, би било доколку пpекршокот го загpoзува жив отот и здpa вјето на луѓето.

Заради тоа, kaзните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на kaзната за негативни поени.

Промовирани огласи »

Според националната анкета спроведена пред нешто повеќе од една деценија, само 5% од возрасните користeле најмалку една платформа од социјалните мрежи. Денес тој број се искачи до 72%, првенствено поделен меѓу корисниците на Facebook, Instagram, Snapchat и Twitter, пренесува KARIERA.mk.

Со оглед на популарноста на овие апликации, се чини дека нашите колеги и шефови скролаат по нашите профили почесто отколку што би сакале. Новото истражување со над 1000 испитаници спроведено од страна на „Тhe Interview Guys“ , откри дека тројца од 10 испитаници одговориле дека ги прифаќаат барањата за пријатели од своите колеги само за да се задржи мирот и тројца од четворица членови на истата група се дури и пријатели со своите колеги на Snapchat.

И покрај корпоративната антипатија забележана во истражувањето на „ Тhe Interview Guys“, покажа дека вработените кои користат социјални медиуми за време на работното време, всушност, ја зголемуваат продуктивноста и ангажманот. Социјалните мрежи, исто така ги зголемува шансите вработените да ја напуштат својата работа, пренесува KARIERA.mk. Но, ако тие мислат дека социјалните медиуми помагаат во продуктивноста, тогаш зошто ги прави и да се откажат?
82% од вработените веруваат дека социјалните медиуми можат да ги подобрат работните односи и дополнителни 60% се уверени дека социјалните медиуми го помагаат процесот на донесување одлуки.

Испитаниците известуваат: „Facebook беше најпопуларната платформа за градење социјални односи со соработниците (скоро 98%), проследена со Instagram (82%), Snapchat (скоро 76%) и Twitter (65%). Додека некои компании имаат строги правила за тоа како нивните вработени ги користат социјалните медиуми, многу луѓе признале дека ја цензурираат нивната содржина или користат филтри за приватност за да се осигурат дека нивните колеги не можеле да видат сè што се случува во нивниот личен живот, пренесува KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

Денес се одбележува Светскиот ден на штедењето, којшто е воведен на 31 октомври 1924 година, во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Финансиските експерти сметаат дека секој човек со редовни месечни примања може да заштеди извесна сума на пари, доколку внимава на куповните навики и си разработи добар финансиски план на својот буџет.

Од нив доаѓаат неколку корисни совети, до сите оние што имаат желба да штедат.

–Не паѓајте на реклами и не трошете пари импулсивно

Факт е дека примамливите реклами се големи виновници за тенчење на џебот. Научете да им одолеете. Понудите со натпис „екстра попуст“ , „последна распродажба“, “најевтино само сега“ и слично, ве тераат да трошите пари најчесто за производи кои не ви се најпотребни во моментот, но привремено ќе ви направат некое задоволство. Наместо да паднете на рекламите, обидете се да бидете порационални во начинот на кој ги трошите парите, без оглед дали е тоа за нова облека, некои чевли, моден додаток, телефон и сл. Токму тие пари што ќе ги дадете импулсивно, може да ги искористите за штедење. Време е да станете подисциплинирани трошачи.

-Поставете си краткорочни и долгорочни цели

Ако сакате да заштедите пари мора да си создадете план како да ги остварите целите. На пример, одредете датум до кој би требало да заштедите одредена сума, и пресметајте колку пари е потребно да издвојува секој месец за да ја постигне таа цел. Секако, внимавајте целта да биде реална и изводлива во однос на вашите приходи.

–Одбирајте штедни влогови со повисоки камати

Не се залетувајте во првата банка, на првиот шалтер, со првата понуда. Пред да решите каде и како ќе ги штедите парите, детално информирајте се за условите, каматите, можностите. Одберете ги најповолните, оние со поголеми каматни приноси. За информирање имате на располагање бројни извори, специјализирани страни и алатки за пресметка на камати на штедење.

-Стегнете заби и исплатете ги картичките

Да. Звучи невозможно, но не е така. Ако седнете да пресметате колку месечно плаќате за камати на кредитните картички, ќе ве заболи глава. Направите напор за еднократна исплата на картичките. И тоа може да се постигне со добар и реален план, само ќе мора да си скратите некои други трошоци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »