Промовирани огласи »

Според националната анкета спроведена пред нешто повеќе од една деценија, само 5% од возрасните користeле најмалку една платформа од социјалните мрежи. Денес тој број се искачи до 72%, првенствено поделен меѓу корисниците на Facebook, Instagram, Snapchat и Twitter, пренесува KARIERA.mk.

Со оглед на популарноста на овие апликации, се чини дека нашите колеги и шефови скролаат по нашите профили почесто отколку што би сакале. Новото истражување со над 1000 испитаници спроведено од страна на „Тhe Interview Guys“ , откри дека тројца од 10 испитаници одговориле дека ги прифаќаат барањата за пријатели од своите колеги само за да се задржи мирот и тројца од четворица членови на истата група се дури и пријатели со своите колеги на Snapchat.

И покрај корпоративната антипатија забележана во истражувањето на „ Тhe Interview Guys“, покажа дека вработените кои користат социјални медиуми за време на работното време, всушност, ја зголемуваат продуктивноста и ангажманот. Социјалните мрежи, исто така ги зголемува шансите вработените да ја напуштат својата работа, пренесува KARIERA.mk. Но, ако тие мислат дека социјалните медиуми помагаат во продуктивноста, тогаш зошто ги прави и да се откажат?
82% од вработените веруваат дека социјалните медиуми можат да ги подобрат работните односи и дополнителни 60% се уверени дека социјалните медиуми го помагаат процесот на донесување одлуки.

Испитаниците известуваат: „Facebook беше најпопуларната платформа за градење социјални односи со соработниците (скоро 98%), проследена со Instagram (82%), Snapchat (скоро 76%) и Twitter (65%). Додека некои компании имаат строги правила за тоа како нивните вработени ги користат социјалните медиуми, многу луѓе признале дека ја цензурираат нивната содржина или користат филтри за приватност за да се осигурат дека нивните колеги не можеле да видат сè што се случува во нивниот личен живот, пренесува KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

Денес се одбележува Светскиот ден на штедењето, којшто е воведен на 31 октомври 1924 година, во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Финансиските експерти сметаат дека секој човек со редовни месечни примања може да заштеди извесна сума на пари, доколку внимава на куповните навики и си разработи добар финансиски план на својот буџет.

Од нив доаѓаат неколку корисни совети, до сите оние што имаат желба да штедат.

–Не паѓајте на реклами и не трошете пари импулсивно

Факт е дека примамливите реклами се големи виновници за тенчење на џебот. Научете да им одолеете. Понудите со натпис „екстра попуст“ , „последна распродажба“, “најевтино само сега“ и слично, ве тераат да трошите пари најчесто за производи кои не ви се најпотребни во моментот, но привремено ќе ви направат некое задоволство. Наместо да паднете на рекламите, обидете се да бидете порационални во начинот на кој ги трошите парите, без оглед дали е тоа за нова облека, некои чевли, моден додаток, телефон и сл. Токму тие пари што ќе ги дадете импулсивно, може да ги искористите за штедење. Време е да станете подисциплинирани трошачи.

-Поставете си краткорочни и долгорочни цели

Ако сакате да заштедите пари мора да си создадете план како да ги остварите целите. На пример, одредете датум до кој би требало да заштедите одредена сума, и пресметајте колку пари е потребно да издвојува секој месец за да ја постигне таа цел. Секако, внимавајте целта да биде реална и изводлива во однос на вашите приходи.

–Одбирајте штедни влогови со повисоки камати

Не се залетувајте во првата банка, на првиот шалтер, со првата понуда. Пред да решите каде и како ќе ги штедите парите, детално информирајте се за условите, каматите, можностите. Одберете ги најповолните, оние со поголеми каматни приноси. За информирање имате на располагање бројни извори, специјализирани страни и алатки за пресметка на камати на штедење.

-Стегнете заби и исплатете ги картичките

Да. Звучи невозможно, но не е така. Ако седнете да пресметате колку месечно плаќате за камати на кредитните картички, ќе ве заболи глава. Направите напор за еднократна исплата на картичките. И тоа може да се постигне со добар и реален план, само ќе мора да си скратите некои други трошоци.

Промовирани огласи »

Како се ближи крајот на годината, работниците се „острат“ за К15. Газдите се на потег да ја исполнат својата законска обврска, за што имаат уште два месеци.

Но, дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите, задолжен е да проверува Државниот пазарен инспекторат.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Скопје ноќва е најзагадениот главен град во Европа. Според густината на ПМ10 честичките, Скопје се наоѓа и меѓу лидерите по загаденост на воздухот на светско ниво.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека локалната власт не може сама да се справи со загаденоста и дека за енормното загадување на главниот град придонеле и градоначалниците на другите општини околу Скопје.

Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места.

Ова негова реакција следува откако Скопје денеска беше петти најзагаден град во светот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »