Покрај тоа што предизвикува физички и емотивни проблеми, како што се висок крвен притисок, вознемиреност и несоница, хроничниот стрес на работа ја нарушува и вашата способност за работа, што на крајот доведува до уште поголем стрес и притисок.
Затоа е важно да знаете како да се справите со стресот на вашето работно место.
Еве неколку примери и тактики:
Залагајте се за себе
Можеби имате тенденција да останувате на работа и после работното време? Имате толку многу работа што едвај имате време за пауза?
Откако ќе ги утврдите вашите слабости на работното место, запрашајте се што сакате да промените и залагајте се за овие измени кај вашиот претпоставен.
Пробајте прво да разговарате со доверлив колега кој може да ви даде информации за тоа што да барате и како да го побарате.
Земајте паузи
Не седете цел ден на вашата работна маса. Станете и истегнете ги нозете, или уште подобро, одвојте време да се одморите. Земете длабок здив, пијте вода, прошетајте, разговарајте со некој пријател.
За време на овие паузи фокусирајте се на она што го чувствувате физички и емотивно. Ако забележите знаци на преоптоварување (мускулна напнатост, брзо чукање на срцето, значителен замор), земете подолга пауза.
Грижете се за себе
Грижата за себе и за вашите пријатели ве прави подобар работник. Ќе работите подобро и ќе имате подобар однос со колегите, доколку одвоите време да се опуштите и да уживате.
Дишете длабоко
Длабоко дишење може да ви помогне во намалување на вознемиреност. Еве како да дишете правилно: издишете полека четири секунди, вдишете полека четири секунди, држете го здивот четири секунди, издишете повторно четири секунди.
Удобен работен простор
Повеќето луѓе можат да ја средат својата канцеларија како што сакаат.r Користете го ова право и уредете го работното место за да се чувствувате удобно. Ставете слика од некој близок, вазна со цвеќе или бонбони.
Извор: Friday