Промовирани огласи »

Покрај тоа што предизвикува физички и емотивни проблеми, како што се висок крвен притисок, вознемиреност и несоница, хроничниот стрес на работа ја нарушува и вашата способност за работа, што на крајот доведува до уште поголем стрес и притисок.

Затоа е важно да знаете како да се справите со стресот на вашето работно место.

Еве неколку примери и тактики:

Залагајте се за себе

Можеби имате тенденција да останувате на работа и после работното време? Имате толку многу работа што едвај имате време за пауза?

Откако ќе ги утврдите вашите слабости на работното место, запрашајте се што сакате да промените и залагајте се за овие измени кај вашиот претпоставен.

Пробајте прво да разговарате со доверлив колега кој може да ви даде информации за тоа што да барате и како да го побарате.

Земајте паузи

Не седете цел ден на вашата работна маса. Станете и истегнете ги нозете, или уште подобро, одвојте време да се одморите. Земете длабок здив, пијте вода, прошетајте, разговарајте со некој пријател.

За време на овие паузи фокусирајте се на она што го чувствувате физички и емотивно. Ако забележите знаци на преоптоварување (мускулна напнатост, брзо чукање на срцето, значителен замор), земете подолга пауза.

Грижете се за себе

Грижата за себе и за вашите пријатели ве прави подобар работник. Ќе работите подобро и ќе имате подобар однос со колегите, доколку одвоите време да се опуштите и да уживате.

Дишете длабоко

Длабоко дишење може да ви помогне во намалување на вознемиреност. Еве како да дишете правилно: издишете полека четири секунди, вдишете полека четири секунди, држете го здивот четири секунди, издишете повторно четири секунди.

Удобен работен простор

Повеќето луѓе можат да ја средат својата канцеларија како што сакаат.r Користете го ова право и уредете го работното место за да се чувствувате удобно. Ставете слика од некој близок, вазна со цвеќе или бонбони.

Извор: Friday

Промовирани огласи »

Тројца ентузијасти од Здружението „Идеолошки и аналитички центар Конзерватив“, сакајќи да покажат со кое превозно средство најбрзо се стигнува до посакуваната дестинација во Скопје тестираа автомобил, автобус и велосипед, истовремено тргнувајќи од ТЦ „Капитол мол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Тестирањето покажало дека оној што бил во автобусот стигнал за 24 минути и 30 секунди, оној со автомобилот, вклучувајќи го и зонското паркирање стигнал за 26 минути и 50 секунди, додека оној што возел велосипед стигнал за само 13 минути.

Сите тргнаа од паркот зад трговскиот центар „Капитол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Сето време сите тројца снимаа со камери прикачени на нив. Тргнуваат заедно во исто време, а се мери со штоперица, велат од Конзерватив.

Извор - Вечер прес

Промовирани огласи »

Скоро една петтина од јапонските домаќинства користат електронски пари за мали набавки, според студијата на истражувачкиот институт во централната банка на земјата, што сигнализира дека културата за плаќање во земјата се менува, пренесува „Ројтерс“.

Во истражувањето објавено денеска, а кое е спроведено во јуни-јули, 18,5% од домаќинствата велат дека користат електронски пари, како што се апликации за паметни телефони и плаќања со дебитни картички, за купувања кои чинат трошат 1.000 јени (9,17 долари) или помалку. Ова е за 3,1% повеќе од балежаните во 2018 година од 15,4%.

Кај домаќинствата со едно лице, од кои 43% се на возраст меѓу 20 и 30 години, процентот на корисници на електронски пари е значително поголем – 35,6%.

И покрај порастот на електронските плаќања, Јапонците продолжуваат да се потпираат главно на готовинските плаќања, при што истражувањето покажува дека 84% сè уште користат банкноти и монети за да купат мали производи.

Со плаќања помеѓу 10.000 и 50.000 јени, 48,5% од домаќинствата посочиле дека плаќаат во готово, а 3,4% рекле дека користат електронски пари.

Слабиот криминал, годините на ултра-ниски каматни стапки и националната банкоматска мрежа ги одржуваат парите во земјата стабилни.

Премиерот Шинзо Абе има за цел да ги присили повеќето Јапонци да се префрлат на безготовински плаќања за да им овозможат на продавниците да ги автоматизираат своите предвидувања за продажба и банките да го намалат бројот на скапи банкомати што треба да се одржуваат.

Промовирани огласи »

American Express со години ги воодушевуваше богатите клиенти со својата ексклузивна црна платежна картичка, резервирана исклучиво за ултрабогатите. Но, отсега богатството, статусот и престижот имаат нов симбол. “Gold is the new black” или во превод, златото е новата црна боја.

Новата дебитна картичка на британскиот Royal Mint е најскапата платежна картичка во светот. Платежната картичка е изработена од 18-каратно злато и чини неверојатни 18.750 фунти (23.440 американски долари) и може да се персонализира за клиенти кои вреднуваат висококвалитетни предмети за луксуз и престиж.

Користењето на оваа картичка или нејзино купување има и своја цена која чини над 20 илјади евра.

Royal Mint е ковачница за пари во државна сопственост, која произведува монети за Велика Британија. Работејќи под името Royal Mint Ltd, ковачницата за пари е ограничена компанија која е во целосна сопственост на Министерството за финансии на Велика Британија и е под ексклузивен договор за производство и снабдување на сите монети на нацијата.

Royal Mint соработуваше со Mastercard и со процесинг компанија за плаќања Accomplish со цел да создаде картичка наменета за луѓе кои го ценат луксузот.

Придобивките од поседувањето на оваа картичка, освен престижот, се и купувањето без ограничување и плаќање во странска валута без провизија.

Картичката нуди повеќе бенефиции, како што се посветени и персонализирани хотелски услуги и други придобивки од патувања, кои се дел од MasterCard World Elite Package.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »