Промовирани огласи »

Тројца ентузијасти од Здружението „Идеолошки и аналитички центар Конзерватив“, сакајќи да покажат со кое превозно средство најбрзо се стигнува до посакуваната дестинација во Скопје тестираа автомобил, автобус и велосипед, истовремено тргнувајќи од ТЦ „Капитол мол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Тестирањето покажало дека оној што бил во автобусот стигнал за 24 минути и 30 секунди, оној со автомобилот, вклучувајќи го и зонското паркирање стигнал за 26 минути и 50 секунди, додека оној што возел велосипед стигнал за само 13 минути.

Сите тргнаа од паркот зад трговскиот центар „Капитол“, во Аеродором, а завршницата беше кај споменикот на Александар Велики на Градскиот плоштад. Сето време сите тројца снимаа со камери прикачени на нив. Тргнуваат заедно во исто време, а се мери со штоперица, велат од Конзерватив.

Извор - Вечер прес

Промовирани огласи »

Скоро една петтина од јапонските домаќинства користат електронски пари за мали набавки, според студијата на истражувачкиот институт во централната банка на земјата, што сигнализира дека културата за плаќање во земјата се менува, пренесува „Ројтерс“.

Во истражувањето објавено денеска, а кое е спроведено во јуни-јули, 18,5% од домаќинствата велат дека користат електронски пари, како што се апликации за паметни телефони и плаќања со дебитни картички, за купувања кои чинат трошат 1.000 јени (9,17 долари) или помалку. Ова е за 3,1% повеќе од балежаните во 2018 година од 15,4%.

Кај домаќинствата со едно лице, од кои 43% се на возраст меѓу 20 и 30 години, процентот на корисници на електронски пари е значително поголем – 35,6%.

И покрај порастот на електронските плаќања, Јапонците продолжуваат да се потпираат главно на готовинските плаќања, при што истражувањето покажува дека 84% сè уште користат банкноти и монети за да купат мали производи.

Со плаќања помеѓу 10.000 и 50.000 јени, 48,5% од домаќинствата посочиле дека плаќаат во готово, а 3,4% рекле дека користат електронски пари.

Слабиот криминал, годините на ултра-ниски каматни стапки и националната банкоматска мрежа ги одржуваат парите во земјата стабилни.

Премиерот Шинзо Абе има за цел да ги присили повеќето Јапонци да се префрлат на безготовински плаќања за да им овозможат на продавниците да ги автоматизираат своите предвидувања за продажба и банките да го намалат бројот на скапи банкомати што треба да се одржуваат.

Промовирани огласи »

American Express со години ги воодушевуваше богатите клиенти со својата ексклузивна црна платежна картичка, резервирана исклучиво за ултрабогатите. Но, отсега богатството, статусот и престижот имаат нов симбол. “Gold is the new black” или во превод, златото е новата црна боја.

Новата дебитна картичка на британскиот Royal Mint е најскапата платежна картичка во светот. Платежната картичка е изработена од 18-каратно злато и чини неверојатни 18.750 фунти (23.440 американски долари) и може да се персонализира за клиенти кои вреднуваат висококвалитетни предмети за луксуз и престиж.

Користењето на оваа картичка или нејзино купување има и своја цена која чини над 20 илјади евра.

Royal Mint е ковачница за пари во државна сопственост, која произведува монети за Велика Британија. Работејќи под името Royal Mint Ltd, ковачницата за пари е ограничена компанија која е во целосна сопственост на Министерството за финансии на Велика Британија и е под ексклузивен договор за производство и снабдување на сите монети на нацијата.

Royal Mint соработуваше со Mastercard и со процесинг компанија за плаќања Accomplish со цел да создаде картичка наменета за луѓе кои го ценат луксузот.

Придобивките од поседувањето на оваа картичка, освен престижот, се и купувањето без ограничување и плаќање во странска валута без провизија.

Картичката нуди повеќе бенефиции, како што се посветени и персонализирани хотелски услуги и други придобивки од патувања, кои се дел од MasterCard World Elite Package.

Промовирани огласи »

Економската сигурност во староста е составен дел на индивидуалната благосостојба. Токму затоа, главните двигатели на пензиските системи на светско ниво и понатаму се пензиските фондови, а потоа следат банките, инвестициските и осигурителните компании и резервите на работодавците. Вкупните приватни пензиски средства на светско ниво на крајот од 2017-тата година, достигнаа рекордни 45 билиони УСД од кои околу две третини или 29,8 билиони УСД се средства во пензиски фондови. Во Северна Македонија реформираниот пензиски систем функционира тринаесет години и сè уште е релативно млад. Меѓутоа, ефектите од реформата во пензискиот систем веќе се евидентни, пред се во поглед на остварување на дополнителен принос на средства кои секој член ги издвојува во вториот столб, задолжителен пензиски фонд или, пак, во третиот столб кој е на доброволна основа. Новиот начин на осигурување е заснован врз принцип на акумулирање на средства од придонесите на индивидуални сметки кои понатаму се инвестираат и остварениот принос од инвестициите се додава на средствата акумулирани на индивидуалните сметки. Пензиското штедење е долгорочно штедење каде има континуирано зголемување на заштедите. На почетокот, додека осигуреникот е млад, заштедите се мали, но во иднина, кога осигуреникот ќе ја достигне возраста за пензионирање, заштедите се значително поголеми.

Во вториот пензиски столб, според Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на крајот на минатата година имаше 490.035 членови и времено распределени осигуреници, што значи зголемување на бројот на членовите за 32.769, или за околу 7%, во споредба со 2017-тата година. Во изминатите 12 години друштвата кои управуваат со издвоените средства, по пат на инвестирање, на членството му заработиле над 200 милиони евра. Имено, од 2006 година уплатени се околу 725 милиони евра, кои заклучно со 2017 година вределе 925 милиони евра. Вложените средства фондовите ги инвестираат во обврзници и во акции дома и во странство и на тој начин остваруваат принос за членството. Третиот пензиски столб, пак, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства. Неговата основна цел е, независно од задолжителното пензиско осигурување, да обезбеди повисок приход по пензионирањето на членовите.

Во развиените земји преку 50% од вработените се осигурани во доброволни пензиски фондови, а кај нас тој процент е се уште мал и изнесува околу 4% од вработеното население. Токму третиот столб, како и други форми на дополнително штедење за пензија, имаат за цел да го амортизира ризикот од продолжување на животниот век на пензионираните членови.

„ Пензиските планови, базирани врз индивидуални заштеди, имаат позитивни ефекти во насока на обезбедување долгорочна стабилност на пензиските системи и сигурност во остварувањето на правата од пензиското осигурување. Ние во КБ Прво пензиско друштво, кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, заклучно со септември оваа година, како што веќе објави МАПАС, остваривме раст на средствата на индивидуалните сметки на членовите во задолжителниот пензиски фонд во номинален износ од 6,18, односно реален од 5,57% (седумгодишен раст), како и 5,94% во номинален и 5,34% во реален износ (седумгодишен раст) за членовите во доброволниот пензиски фонд, со што сметаме дека ги исполнуваме очекувањата на членството. Во задолжителниот фонд секој нов вработен е наш потенцијален член, но треба и натаму да се работи како за задржување на постојните, така и за привлекување нови членови. Во доброволното пензиско осигурување има особено простор за раст, каде поради недоволната информираност или едноставно поради немање навика да се штеди на овој начин за посигурна старост, се наметнува потребата Друштвото интензивно да се посвети на поголема информираност и подигање на свесноста за дополнително штедење во третиот пензиски столб“, вели Весна Стојановска, Претседател на УО на КБ Прво пензиско друштво.

Според податоци од годишниот извештај на МАПАС, членови во задолжителните фондови се млади лица, при што најголемиот број се на возраст од 26 до 35 години, додека доброволните членови се малку повозрасни и најголем број од нив се на возраст од 41 до 50 години. Просечната возраст на задолжителните членови е 34 (и за мажи и за жени), а на доброволните членови е 45 години (и за мажи и за жени), а на сите членови, просечната возраст е 35 години.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »