Француски магазин ја препорачува Македонија меѓу петте најдобри туристички дестинации за 2020 година.
Се работи за магазинот АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, кој на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Македонија.
Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Северна Македонија се затоа што таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети.
АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција. Во топ пет овој пат е и црногорскиот град Котор.
Во текст објавен минатиот месец, Македонија е во топ 10 дестинации. Во тој текст се наведува дека земјава има два милиони жители. Прикажана е и фотографија од клисурата во Демир Капија.
На листата тогаш се најдоа и Бутан, Англија, Аруба, Швајцарија, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.