Промовирани огласи »

Со најновата ценовна корекција на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите цени за бензините и дизелот.

Цените на „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар, а на дизелот се намалува за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 70,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот пак ќе изнесува 61 денари за литар.

Промовирани огласи »

Популарниот „Блек фрајдеј“ или црн петок годинава и во KARIERA.mk. Овој ден е познат по тоа што има попусти, а милиони купувачи пред продавниците чекаат да се отворат и да си го купат посакуваното нешто по најниската можна цена. 

Па така клиентите на KARIERA.mk оваа недела ќе можат да ги огласуваат своите нови работни места со 50% попуст на поединечните огласи и со тоа да дојдат до посакуваните кандидати.

Промовирани огласи »

Според најновиот извештај на Credit Suissea за средината на 2019 година, Швајцарците сè уште се граѓани кои поседуваат најскап имот во светот. Средствата по глава на жител во Швајцарија изнесуваа 509.882 евра.

На второ место е Хонг Конг, каде поединците имаат просечно богатство од 441.800 евра. Американците се најдоа на третото место со 390.426 евра. Богатството се однесува на финансиските и нефинансиските средства на една личност, а треба да се земе со релативна доза бодејжи неколку ултрабогаташи може да ја искриват целата слика.

Во земјите од регионот, далеку најбогати се Словенците, со средства во вредност од 110.625 евра. Во Хрватска, просечното богатство на една личност е 56.712, а во Црна Гора 48.296 евра. Вкупното богатство на поединец во Босна и Херцеговина е 25.168 евра и во Србија 22.617 евра. Credit Suissea нема податоци за Македонија. 

Најсиромашни се суданските граѓани, со просечно богатство од 482 евра. Во Бурунди просечното богатство е 550 евра а во Сиера Леоне е 626 евра.

Промовирани огласи »

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја потсетува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 04.11.2019 (понеделник), ЗАВРШУВА на 29.11.2019 (петок).

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »