Промовирани огласи »

Управниот одбор на Балфин Групација, под посебно покровителство на претседателот Самир Мане и другите компании на Групацијата, денес одлучија да издвојат 1,2 милиони евра за жртвите од земјотресот во Албанија.

Покрај оваа распределена сума, компаниите на „Балфин груп“, како Спар, Нептун, Џамбо, итн., не само од Албанија, туку и од Косово, Македонија, Босна и други земји, беа блиску со жителите уште првиот ден, помагајќи им со потребните средства и храна. 

Од групата Балфин велат дека нејзината помош ќе продолжи секојдневно.

Промовирани огласи »

Black Friday акција во НЕПТУН од 27.11-02.12.2019г.! Пристигнаа најголемите попусти во годината со супер понуди, големи заштеди и до 60 рати! За време на оваа голема акција потрошувачите ќе може да уживаат во шопингот! Во НЕПТУН продавниците ширум Македонија и онлајн на www.NEPTUN.mk потрошувачите може да најдат одлични понуди и најголем избор на производи од сите категории. Со оваа акција во фокус се купувачите и целта e да заштедат повеќе со секоја купопродажба во НЕПТУН. Покрај големите заштеди на сите промо производи, членовите на широко познатата “Neptun haPPy” лојална програма добиваат и наградни поени кои подоцна може да ги користат за следна купопродажба.

Тие може да изберат од најголемиот избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Целокупната понуда за “Neptun - Black Friday”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

Во октомври НЕПТУН ја отвори новата ПРЕМИУМ продавница во Карпош во „Скопје Сити Мол”. Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново ПРЕМИУМ купувачко искуство. Новиот ПРЕМИУМ концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби. Ве покануваме и вие да го искусите ПРЕМИУМ концептот на новата НЕПТУН продавница.

НЕПТУН најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, НЕПТУН е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

Од година во година, финскиот образовен систем се прогласува за еден од најдобрите во светот.

Образованието игра клучна улога во човечкиот, социјалниот и економскиот развој. Тоа се смета за човеково право, а истото поттикнува рамноправност помеѓу половите, мир и го зголемува квалитетот на животот на поединецот. 

Но, луѓето во неразвиените земји речиси и немаат пристап до квалитетното образование, додека оние во развиените земји имаат повисока стапка на писменост и подобро образование. Со самото тоа, граѓаните подоцна имаат можност да добијат подобро платени работи и да си обезбедат подобар животен квалитет.

За да се види како поединечни земји се рангирани кога станува збор за образовниот систем, секоја година се вршат неколку различни истражувања, а Финска редовно се наоѓа на самиот врв.

Во што е нивната тајна?

Чести курикуларни реформи

Конректно во нивното школство, на секои 4 години се спроведуваат курикуларни реформи. Имено, на образованието му се придава големо значење и се следат резултатите од “PISA” тестирањата, а потоа се осмислуваат реформите. Иако се спроведуваат на национално ниво, тие се прилагодуваат и на локално ниво, а наставниците посебно се плаќаат за работата на тие реформи.

Опуштена атмосфера и забава

Иако образованието се сфаќа сериозно, како што се наведува на веб-страницата на Финската национална агенција за образование, програмата се темели на учење низ игра, за децата што помалку да бидат изложени на стрес. Токму затоа, наставата често се одржува во природа и голем дел од времето поминато на училиште е посветено на игра, забава, дружење и спортски активности. Исто така, по секој училишен час кој трае 45 минути, следува одмор во времетраење од 15 минути.

Наставниците се ценат и имаат слобода

Во Финска, наставниците имаат плата во ранк на адвокат или доктор, а во нивната професија им е допуштена максимална слобода. Сепак, тоа не значи дека не мора да се придржуваат до реформите и општите насоки. Освен тоа, му се придава важност на секој ученик поединечно и наставниците се дополнително платени за, на оние кои им е потребно, по наставата да им се дадат инструкции по предметите со кои тие имаат потешкотии.

Но, работата на наставниците постојано се надгледува и доколку истата не е задоволителна, следуваат санкции.

Помалку домашни задачи

Не е вистина дека тие не постојат, но децата во Финска генерално имаат помалку домашни задачи во однос на нивните врсници во другите развиени земји, што им остава повеќе време за игра и забава кога ќе дојдат дома, пишува “World Economic Forum”.

Дигитализација

Во Финска, дигитализацијата не ја гледаат како нужно зло и го прилагодуваат образовниот систем на времето во кое живеат. Она што може да се научи преку таблет или лаптоп, така и се учи, а на децата им се овозможува бесплатна технологија која им е потребна за учењето.

Исто така, на сите ученици сè до факултет им е обезбеден бесплатен оброк, но и учебници и други школски материјали.

Промовирани огласи »

Најскап град за живот во Германија е Карлсфелд, а зад него следат Штутгарт, Лајнфелден-Ехтердинген, Гермеринг, Дахау па дури потоа метрополата Минхен, пишуваат од “Fenix magazine“.

Становите се најскапи во Карлсфелд каде што цената на квадратен метар е 10.86 евра.

Во Минхен и понатаму е речиси невозможна мисија да се најде стан, но ситуацијата е полоша во Штутгарт.

Тие податоци произлегуваат од овогодишното истражување на компанијата за истражување F+B.

Директорот на таа компанија Берт Леутнер изјавил дека во Штутгарт изнајмување на стан се плаќа во просек 10.41 евро по квадратен метар, додека пак во Минхен 9.47 евра по квадратен метар.

Ова е пописот од најскапите градови во Германија:

- Карлсфелд;
- Штутгарт; 
- Лајнфелден-Ехтердинген; 
- Гермеринг; 
- Дахау; 
- Минхен; 
- Тибинген; 
- Лудвигсбург; 
- Ердигин; 
- Дицинген; 
- Дармштат; 
- Конверстхајм; 
- Хамбург; 
- Еслинген ам Некар; 
- Фисбадем; 
- Фелбах;
- Констанц; 
- Дизелдорф; 
- Франкфурт; 
- Нордерстед; 
- Ремсек ам Некар; 
- Келн; 
- Мајнтал; 
- Ројтлинген; 
- Равенсбург; 
- Офенбах на Мајна; 
- Хајделберг; 
- Вајнштат;
- Битигхајм Бисинген

фото Википедија

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »