Промовирани огласи »

Од година во година, финскиот образовен систем се прогласува за еден од најдобрите во светот.

Образованието игра клучна улога во човечкиот, социјалниот и економскиот развој. Тоа се смета за човеково право, а истото поттикнува рамноправност помеѓу половите, мир и го зголемува квалитетот на животот на поединецот. 

Но, луѓето во неразвиените земји речиси и немаат пристап до квалитетното образование, додека оние во развиените земји имаат повисока стапка на писменост и подобро образование. Со самото тоа, граѓаните подоцна имаат можност да добијат подобро платени работи и да си обезбедат подобар животен квалитет.

За да се види како поединечни земји се рангирани кога станува збор за образовниот систем, секоја година се вршат неколку различни истражувања, а Финска редовно се наоѓа на самиот врв.

Во што е нивната тајна?

Чести курикуларни реформи

Конректно во нивното школство, на секои 4 години се спроведуваат курикуларни реформи. Имено, на образованието му се придава големо значење и се следат резултатите од “PISA” тестирањата, а потоа се осмислуваат реформите. Иако се спроведуваат на национално ниво, тие се прилагодуваат и на локално ниво, а наставниците посебно се плаќаат за работата на тие реформи.

Опуштена атмосфера и забава

Иако образованието се сфаќа сериозно, како што се наведува на веб-страницата на Финската национална агенција за образование, програмата се темели на учење низ игра, за децата што помалку да бидат изложени на стрес. Токму затоа, наставата често се одржува во природа и голем дел од времето поминато на училиште е посветено на игра, забава, дружење и спортски активности. Исто така, по секој училишен час кој трае 45 минути, следува одмор во времетраење од 15 минути.

Наставниците се ценат и имаат слобода

Во Финска, наставниците имаат плата во ранк на адвокат или доктор, а во нивната професија им е допуштена максимална слобода. Сепак, тоа не значи дека не мора да се придржуваат до реформите и општите насоки. Освен тоа, му се придава важност на секој ученик поединечно и наставниците се дополнително платени за, на оние кои им е потребно, по наставата да им се дадат инструкции по предметите со кои тие имаат потешкотии.

Но, работата на наставниците постојано се надгледува и доколку истата не е задоволителна, следуваат санкции.

Помалку домашни задачи

Не е вистина дека тие не постојат, но децата во Финска генерално имаат помалку домашни задачи во однос на нивните врсници во другите развиени земји, што им остава повеќе време за игра и забава кога ќе дојдат дома, пишува “World Economic Forum”.

Дигитализација

Во Финска, дигитализацијата не ја гледаат како нужно зло и го прилагодуваат образовниот систем на времето во кое живеат. Она што може да се научи преку таблет или лаптоп, така и се учи, а на децата им се овозможува бесплатна технологија која им е потребна за учењето.

Исто така, на сите ученици сè до факултет им е обезбеден бесплатен оброк, но и учебници и други школски материјали.

Промовирани огласи »

Најскап град за живот во Германија е Карлсфелд, а зад него следат Штутгарт, Лајнфелден-Ехтердинген, Гермеринг, Дахау па дури потоа метрополата Минхен, пишуваат од “Fenix magazine“.

Становите се најскапи во Карлсфелд каде што цената на квадратен метар е 10.86 евра.

Во Минхен и понатаму е речиси невозможна мисија да се најде стан, но ситуацијата е полоша во Штутгарт.

Тие податоци произлегуваат од овогодишното истражување на компанијата за истражување F+B.

Директорот на таа компанија Берт Леутнер изјавил дека во Штутгарт изнајмување на стан се плаќа во просек 10.41 евро по квадратен метар, додека пак во Минхен 9.47 евра по квадратен метар.

Ова е пописот од најскапите градови во Германија:

- Карлсфелд;
- Штутгарт; 
- Лајнфелден-Ехтердинген; 
- Гермеринг; 
- Дахау; 
- Минхен; 
- Тибинген; 
- Лудвигсбург; 
- Ердигин; 
- Дицинген; 
- Дармштат; 
- Конверстхајм; 
- Хамбург; 
- Еслинген ам Некар; 
- Фисбадем; 
- Фелбах;
- Констанц; 
- Дизелдорф; 
- Франкфурт; 
- Нордерстед; 
- Ремсек ам Некар; 
- Келн; 
- Мајнтал; 
- Ројтлинген; 
- Равенсбург; 
- Офенбах на Мајна; 
- Хајделберг; 
- Вајнштат;
- Битигхајм Бисинген

фото Википедија

Промовирани огласи »

А1 Македонија ја започнува најубавата новогодишна приказна и со задоволство ја најавува новогодишната промоција со која на своите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2020 година со многу интернет, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени! Сега, сите нови и постоечки корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват договорот на 24 месеци на тарифите A1 Neo M и A1 Neon, ќе имаат можност да добијат вкупно 20GB мобилен интернет со активирање на дополнителниот интернет пакет преку апликацијата Мојот А1, кој потоа може да го користат секој месец.

Брендот A1 го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој создаваме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Со новата промоција ја потврдуваме нашата визија, а тоа е поттикнување на дигиталниот начин на живот, да нудиме одлично корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија, стабилен квалитет и поголема вредност за нашите корисници - изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Затоа што празниците се за дарување, овие празници постпејд корисниците можат да добијат 2 смартфони по цена од 1 и тоа Motorola One Macro и Motorola E6 Plus, за само 399 ден./месечно со A1 Neo M и A1 Neon.

Прилагодувајќи се на новите навики и потреби на корисниците, со новогодишната понуда овозможуваме уште повеќе интернет и повеќе забава. Со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера, подготвивме уште едно изненадување. Корисниците на А1 Combo добиваат интерактивна телевизија, интернет и мобилна линија за само 1299 ден./месечно и тоа без обврзувачки договор. Дополнително, имаат можност да изберат смарт андроид телевизор на 48 месечни рати, а преку апликацијата Мојот А1 ќе можат да изберат еден од трите дополнителни пакети (HBO, Digitalb или Pink) кој ќе може да го користат бесплатно во период од 3 месеци. Веруваме дека најновата промоција на А1 ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови – изјави Елена Панова, Директор на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

Промовирани огласи »

На вчерашната прес конференција потпаролот на Граѓанско Демократската Унија Дарко Попоски  се осврна на проблемите на  граѓаните со извршителите, тој наведе:

Внимателно ги следиме протестите на граѓаните кои го искажуваат нивното незадоволство од работата на извршителите и искрено не загрижува односот на надлежните институции, особено на Министерството за правда и министерката Рената Дескоска, бидејќи тие немаат слух за својот

обесправен и опљачкан народ и на секој можен начин гледаат да ја избегнат одговорноста или да ја префрлат на некоја друга институција или

државен орган.

Тој ги извести и сите заинтересирани и оштетени граѓани дека Граѓанско Демократската Унија со нејзиниот правен тим ќе овозможи бесплатна правна помош за сите граѓани кои имаат проблеми со незаконити постапки од страна на извршителите на целата територија на Република Македонија.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »