Промовирани огласи »

Во месец декември на околу 185 илјади граѓани кои скенирале фискални сметки  ќе им бидат испалтени вкупно 3 милиони евра од проектот „Мој ДДВ“, но околу 10.000 граѓани кои учествувале во повратот може да останат без паричните средства затоа што ја немаат или не ја навеле точната трансакциска сметка.

Ова беше објавено денеска на заедничката конференција на Министерството за финансии, УЈП и Фондот за иновации. До 28 ноември има 184.728 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 39.584.924 фискални сметки а остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5 и 18 проценти од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра 

Од први јули, откако започна проектот на Министерството за финансии, скенирани се 39 милиони сметки, а анализите покажале дека порастот на скенирање најмногу е забележан во општините Аеродорм, Центар, Битола и Штип. Од Управата за јавни приходи немаат точна бројка колку граѓани го достигнале лимитот од 1800 денари за првото тромесечие.

Имаме одлични резултати во делот на наплатата ако ги споредуваме податоците спредбено со други години имаме повеќе 10 насто згоелмување на ДДВ во јули август и септември. Би сакала да апелирам до сите физички лица кои ја користат апликацијата дека треба да си ги проверат своите трансакциски сметки ако има одредени измени да ги корегираат, ако не внеле трансакциска сметка да го направат што побрзо затоа што ќе ни олеснат на нас како УЈП да можеме да ги враќаме назад парите“-изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Промовирани огласи »

Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди - 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која беше претставена #МојаНаграда.

Како што рече министерката за финансии, добитниците на дневна основа ќе се извлекуваат софтверски преку електронски генератор и ќе бидат известени преку самата апликација „МојДДВ“. Тие ќе добијат известување колкава награда добиле или доколку не добиле награда ќе добијат едукативна порака. Оние кои при скенирање на сметките нема да добијат дневна награда, ќе учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Извлекувањата за месчените награди и за премиите ќе бидат јавни.

-Која е целта на #МојаНаграда? - Да биде засилување на мерката МојДДВ - која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ- рече Ангеловска.

Ангеловска рече дека при дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Таа посочи дека покрај сузбивањето на сивата економија, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека мерката МојДДВ, на која се надоврзува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда дава одлични резултати.

-Вкупно корисници на апликацијата заклучно 28 ноемрви има 184.728 корисници, скенирани се 39.584.924 фискални сметки. Остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5% и 18% од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра. Просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години, а најмногу скенираат лица на возраст од 35 години. Во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош имаат најмногу лица кои скенираат фискални скметки, како и во Битола и во Штип-рече директорката Лукаревска.

Таа апелираше до граѓаните кои немаат внесено траснакциска сметка за поврат на ДДВ да го направат тоа.

Инаку организатори на наградната игра #МојаНаграда се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Македонија. Предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.

Промовирани огласи »

Законски утврдената минимална плата од денеска (1 декември 2019) во Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари. 

Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Собранието  претходно ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата со што платите во државата продолжуваат да се зголемуваат.

До денеска минималната плата во државата изнесува 12.507 денари. Зголемувањето на минималната плата ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор. Досега 90 илјади граѓани примаат минимална плата од 12.500 денари.

Промовирани огласи »

Според денешните фотографии кои ги објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, се наѕира финалниот изглед на зелениот покрив на Градскиот трговски центар, чија изградба како проект започна на почетокот на годинава.

На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри треба да бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, да бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, партерно шаховско поле, и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. 

Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно треба да се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе големи загуби, а проектот треба да поттикне и други вакви иницијативи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »