Промовирани огласи »

Ќе имаат ли нашите граѓани во летото што следува поевтин роаминг кога ќе патуваат за Грција, е прашањето што се поставува.

„Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста, доста намалени цени за роаминг со Грција“, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022. 

Промовирани огласи »

Станете дел од менаџерскиот тим на AVON Македонија! Отворено работно место за РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/L1cVvZhQEkCFct6LYV7PfQ/regionalen-menadjer-za-prodazhba

БИЛИВИО е Француско-Македонска софтверска компанија и има потреба од ПРОГРАМЕРИ: https://kariera.mk/job/F_OayUatjUuR9ZTYQJ7Btg/oglas-za-vrabotuvanje-na-programeri

SINGULAR е интернационална IT компанија и има потреба од FINANCE ASSOCIATE: https://kariera.mk/job/qQs3TuFkzUC8SXVxB2uU-w/finance-associate

ВАН ХООЛ со отворени позиции за АВТОМЕХАНИЧАРИ, АВТОЕЛЕКТРИЧАРИ, АВТОЛАКЕР - ПРИПРЕМАЧ и ВРАБОТЕН ВО ОДДЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА АВТОБУСИ: https://kariera.mk/job/8W9wS4ufeEKz7RPCRPeIHQ/van-hool-vrabotuva

HeadHunter за своите клиенти имаат повеќе отворени работни места: 

Промовирани огласи »

Неодамна објавена студија спроведена од „ Medical News Today “ покажа дека луѓето во одредени професии се изложени на зголемен ризик од развој на проблеми со срцето.

Иако научниците истакнуваат дека неколку животни фактори можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања, вклучително и нездрави диети, недостаток на физичка активност и пушење, постои еден фактор на ризик кој не доби толку внимание колку што заслужува во моментов, а тоа е вашата професија.

Но, неодамнешните анализи покажаа дека одредени професии се поврзани со зголемен ризик од развој на разни срцеви заболувања или други кардиоваскуларни проблеми а деталите читајте ги на МАШКИ МАГАЗИН тука.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска пред пензионерите во Битола најави дека идната година просечната пензија ќе достигне до 15.500 денари. 

Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, рече Царовска.

Царовска истакна дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 отсто и за 5 проценти на просечната плата.

Илија Ивановски, заменик директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување нагласил дека со пензиската реформа само за една година е направена заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10 отсто. 

Пензиите се зголемуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати, рече Ивановски.

Претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова рече дека зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. Претседателот на Здружението на пензионери на Битола Томе Димитровски истакна дека Битола е град со над 18.000 пензионери, а повеќето од нив добиваат просечна пензија.

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »