Промовирани огласи »

„InterNations“ врз основа на анкета во која учествувале 20.000 луѓе направи листа на најдобри градови за живот. 

Во топ 10 се најдоа градови од сите континенти. Во првите 10 има дури пет европски градови. 

1. Тајпеј; 
2. Куала Лумпур; 
3. Хо Ши Мин; 
4. Сингапур; 
5. Монтреал; 
6. Лисабон; 
7. Барселона; 
8. Цуг; 
9. Хаг; 
10. Базел.

фото Википедија

Промовирани огласи »

Молери, водоинсталатери, монтери... Во Македонија има се помалку мајстори, иако за нив има постојано работа.

Дел од оние кои знаат добро да си ја работат својата работа веќе заминале во странство, бидејќи таму, мајсторските работи, се далку поплатени. Дел од оние кои останале тука, се премногу зафатени, па за да дојдеш до нив треба да закажуваш термин и да чекаш некогаш и со месеци.

На страната на Агенцијата за вработување, постојано се објавуваат огласи дека се бараат мајстори.

Ќе изумрат ли овие професии. Зошто младите не се одлучуваат да се занимаваат со ова?

Во последните неколку години Владата стана најголем работодавац, па така сите млади сакаат да работат во администрација, а никој не се одлучува да биде мајстор, и покрај тоа што ќе знае дека веднаш ќе го чека работа.

Овие професии се добро платени во странство, па затоа оние кои добро се обучени, и веќе заминале таму, за добра плата.

Промовирани огласи »

До работодавачите: Дали вашите деца би работеле за платата која вие ја нудите на вашите вработени? Дали ќе ви е се едно вашите деца со факултетска диплома да земаат едвај миминална плата? 

Во Македонија минимална плата до неодамна беше 12.000 денари, а сега е 14.500. Па тука се поставува прашањето како Македонецот успева со оваа плата да го помине месецот?

  • За сметки мора да има, она што ќе остани е за храна. Одвај сврзуваме крај со крај, вели Нада од Драчево.
  • -Иако имаме висока пензија и таа не ни стига бидејќи децата ни се невработени па им даваме од пензиите, вели Живко од Маџари.
  • И јас и сопругот земаме минимална плата. Тешко е многу. Среќа па имаме бавча па нешто си произведуваме сами, а ако ни се роди повеќе и продаваме. Така некако го истуркаме месецот. Не знам што ќе правиме од септември кога ќерката ќе тргне на факултет, вели Вера од Ѓорче.
  • Ова е математиката на нашето семејство. Со сопругата земаме минимална плата.  Од нив секој месец по 7.000 денари имаме за сметки, околу 10.000 за храна и хемиски средства. Имаме студент кој патува секој ден од Куманово до Скопје, а месечната карта е 3.000 денари. Што со другите? Каде се другите потреби? Што ако ни се поквари фрижидерот? Што ако се разболиме? Што ако имаме свадба кај некој близок роднина или пријател?

Повеќе од половина од младите во Македонија се невработени, а голем дел од нив сонуваат да ја напуштат земјава. Со тие пари не може да платиме кирија, а не па да живееме, велат дел од нив.

Македонија се бори да ги задржи младите во земјата и да создаде подобри услови и перспектива, но нема стратегија за враќање на веќе иселените. Најголем проблем за младите и натаму претставува невработеноста.

Ретки се тие што се иселиле од Македонија, но по одредено време решиле да се вратат во родната земја.

Промовирани огласи »

Постојат многу упатства што ќе ве советуваат што да облечете на интервју кои се дефинитивно добра почетна точка. Исто така, направени се многу истражувања за психологијата на боите за да се открие како луѓето ги перцепираат, но сепак, искуствата се многу субјективни. Луѓето имаат лични асоцијации со одредени бои и вие треба да го носите она што ве прави да се чувствувате моќно, но сепак, треба да внимавате што ќе облечете за да не ја изгубите можноста за вработување само затоа што сте оставиле лош прв впечаток. Поради тоа, погледнете каков впечаток оставаат следните бои.

Сината боја асоцира на работа

Не можете да погрешите ако облечете сина боја и според повеќето рабодотавци, сината е најдобрата боја за интервју за работа. Оваа боја остава впечаток на самодоверба и на компетентност и е боја што ја сакаат повеќето луѓе ширум светот.

Црвената боја води кон романса

Црвената боја е храбра, впечатлива и на многумина им стои одлично. Таа е исто така моќна боја, а многумина ја поврзуваат со опасност и со романтика, па не е добро да ја носите кога сте во потрага по работа. Црвената боја навистина ќе ве истакне, но не на начин каков што сакате вие.

Сивата и црната ви помагаат да се вклопите

Дали некогаш се чувствувате како да сте под радар? Облечете се во сива, суптилна и елегантна, но сепак не толку впечатлива боја. Истото важи и за црната – од една страна, таа се поврзува со авторитет и со софистицираност, но од друга страна, може да се смета за безбедна боја при облекување. Но, ако целата комбинација ви е во црна боја, тоа може да укажува на страв од излегување од комфорната зона. Ако некаде треба да настапите сами, црната боја е добар избор за балансирање и за постигнување авторитет. Но, ако сакате да се истакнете меѓу другите, размислете за похрабра боја.

Зелената е креативна

Зелената боја ги смирува сетилата и дава чувство на удобност. Оваа боја психолошки се поврзува со „повторното раѓање“ и со креативноста. Ако сакате специфична нијанса на зелена боја што може да има особено позитивно психолошко влијание, тогаш одберете тиркизна боја, комбинација на сина и зелена, која покажува стабилност и авторитет.

Розовата покажува позитивност

Кога сте во друштво, носењето розова боја ќе го ублажи вашиот изглед и ќе ви ја подобри комуникацијата, а комбинирањето розова боја со некоја потемна и похрабра боја ќе ве направи попристапни. Оваа боја е добар избор ако сакате да оставите позитивен впечаток. Но, ако сакате да оставите силен впечаток, треба да изберете некоја потемна и поизразена боја.

Со жолтата боја бидете вимателни

Кога станува збор за жолтата боја, пристапете ѝ со претпазливост. Од една страна, жолтата боја е позитивна и забавна и ве прави да изгледате разиграно, но, од друга страна, разиграноста можеби не е она што се обидувате да го постигнете во работната средина. Жолтата боја не им се допаѓа на многумина, но тие што ја сакаат, реагираат многу позитивно на неа.

Белата означува организираност

Ако сте сигурни дека сте вид човек што спаѓа во оваа категорија, облечете бело на интервјуто за работа. Нема подобар начин да им покажете на другите дека сè што правите е сериозно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »