A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2019, најголемиот е-спорт и гејминг настан за оваа година, со задоволство објавува дека фестивалот на игрите оваа година ги надмина очекувањата на организаторите и учесниците и понуди вистинска забава за сите гејмери.
На настанот на кој продефилираа повеќе од 10.000 посетители од земјата и регионот, над 2000 пријавени гејмери се натпреваруваа во Clash Royale, Counter Strike: Global Offensive, FIFA20, DOTA2, Fortnite, Hearthstone, Tekken 7, и во Cosplay натпревар во маскирање. Со своето присуство на големо задоволство на присутните и учесниците настанот го збогати и Мартин `Saksa` Саздов, најдобриот играч на DOTA 2 од Македонија во светот, кој го има освоено второто место на The International во 2016 со својот тим – најголемиот турнир во DOTA 2.
Натпреварите се одвиваа преку 10 гигабитен линк обезбеден од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.
Во соработка со GG.MK, сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку најсовремената мрежа наА1 Македонија.
Трите најголеми сали и холот на Cineplexx доловија амбиент во духот на светските гејминг натпревари.
Наградниот фонд за натпреварувачите беше околу 10 илјади евра, а на публиката и беа поделени и преку 1000подароци, како и опрема за гејминг обезбедена од компанијата Сетек Сè од Техника –изложувач на А1 Game Fest 2019.
А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување.