Промовирани огласи »

Еден период беа беспални, па ги плаќавме по два денари, а за во иднина се најавува дека нивната цена ќе се зголеми најмалку на 10 денари, што значи дека цената на истите може да биде и повисока. 

Граѓаните и фирмите имаат рок од една година да се прилагодат и полека да почнат да ги исфрлаат од употреба, велат од Асоцијацијата. за управување со отпад.

Целта е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси.

Со ваквата одлука се очекува граѓаните да се откажат од нивната употреба, за што имаат рок од речиси една година велат од Асоцијацијата за управување со отпад.

Наместо тоа се апелира граѓаните да пазарат во свои платнени торби, или пак со хартиени ќеси. 

Загадувањето со пластика денес е едно од најгорливите прашања кога станува збор за животната средина, поради фактот што забрзаното производство на пластични производи кои потоа се фрлаат е поголемо од капацитетите за справување со тие производи на светско ниво. Ваквото загадување е највидливо во земјите од Азија и Африка, каде или не постојат системи за собирање на отпадот, или истите се неефикасни. Но, ако го погледнеме и развиениот свет, особено земјите со ниски стапки на рециклирање, ќе забележиме дека и таму има проблем со соодветното собирање на отпадната пластика. Пластичниот отпад стана толку актуелен што доведе и до активности за изготвување и на глобална спогодба за овој проблем, која ќе се преговара на ниво на Обединетите нации.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEK акција во Нептун со најголеми празнични попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 24-31 декември, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти.

Оваа празнична сезона, изненадете ги вашите најблиски и подарете им нов уред по супер ниски цени и уживајте заедно во најубавиот дел од годината! Тимот на Нептун се погрижи со акцијата да бидат опфатени огромен број на најбарани и најпродавани производи, спакувани во идеални понуди со бенефицирано финансирање на рати без камата со цел да им се олесни начинот на купување на потрошувачите за време на новогодишните празници. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на www.neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Посетете ги Нептун продавниците за време на оваа акција и уверете се во одличните понуди!

Нептун најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

Имателите на оваа картичка, на возраст од 18 до 25 години добиваат и бесплатен бесконтактен стикер за мобилен телефон

Новата Mastercard дебитна картичка за млади на УНИБанка,  доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги. Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатна бесконтактна стикер картичка, која се лепи на мобилниот телефон и со која може да се прават трансакции без воопшто да се носи паричник.

Бесконтактната стикер картичка на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање. Со неа клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.

Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот.

За повеќе информации: http://unibank.mk/categories/view/984     

           

За контакти:
Андреа Стојановска
PR & Event Manager
KIWI Advertising Agency
Email: [email protected]

Промовирани огласи »

Во периодот јули – септември 2019 година, на целата територија на државата се продадени 674 новоизградени станови што е за 195 станови повеќе од второто тримесечје, годинава, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.

Заклучно со септември, на целата територија на државата има 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, пишува во извштајот.

Инаку, најголем број продадени станови во периодот јули-септември, годинава има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 239 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој период се продадени 30 куќи.

Статистиката покажува дека становите во Карпош се најпродавани иако имаат највисока просечна цена од 60.398 денари за квадрат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »