Промовирани огласи »

Имателите на оваа картичка, на возраст од 18 до 25 години добиваат и бесплатен бесконтактен стикер за мобилен телефон

Новата Mastercard дебитна картичка за млади на УНИБанка,  доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги. Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатна бесконтактна стикер картичка, која се лепи на мобилниот телефон и со која може да се прават трансакции без воопшто да се носи паричник.

Бесконтактната стикер картичка на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање. Со неа клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.

Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот.

За повеќе информации: http://unibank.mk/categories/view/984     

           

За контакти:
Андреа Стојановска
PR & Event Manager
KIWI Advertising Agency
Email: [email protected]

Промовирани огласи »

Во периодот јули – септември 2019 година, на целата територија на државата се продадени 674 новоизградени станови што е за 195 станови повеќе од второто тримесечје, годинава, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.

Заклучно со септември, на целата територија на државата има 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, пишува во извштајот.

Инаку, најголем број продадени станови во периодот јули-септември, годинава има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 239 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој период се продадени 30 куќи.

Статистиката покажува дека становите во Карпош се најпродавани иако имаат највисока просечна цена од 60.398 денари за квадрат.

Промовирани огласи »

Иако има само 16 години, тетовецот Орхан Багашов работи на изработка на бионичка рака наменета за лицата со ампутирана подлактица. Прототипот е речиси при крај и остануваат да се направат уште два прста и да се вградат сензорите за движење. На бионичката рака ѝ претходеше изработка на роботска рака, а на неа, изработка на 3-Д принтер.

„Денешнава напредна технологија, посебно сѐ поголемата употреба на 3-Д принтерите, овозможија изработка на вакви комплицирани предмети и делови. Но, јас не бев задоволен со 3-Д принтери што можеа да се набават на пазарот, па решив да направам еден по моја замисла. Три години работев на неговата изработка и направив принтер кој работи на поинаков принцип од постоечките и многу побрзо. Постоечките 3-Д принтери работаат со xyz оски и кај нив, подвижниот дел се движи горе-долу, лево десно и тие две оски се комбинираат. Мојот принтер се движи со ротирачки оски и тоа му овозможува да печати многу побрзо. Ако на друг принтер му требаат 20 часови да отпечати еден дел, со мојот принтер работата се завршува за 15 часови“, вели младиот Багашов.

Откако го направи својот 3-Д принтер, се зафатил да изработи роботска рака, која треба да биде дел од финалната замисла, а тоа е изработка на голем робот.

„Засега ја имам направено само десната рака од роботот. Мојата првична идеја беше да си направам робот, но најверојатно ќе направам само уште една роботска рака, главата и торзото од роботот, бидејќи за цел робот едноставно немам време. Сите делови за оваа роботска рака се по мои дизајн и нацрт и ги отпечатив на мојот 3-Д принтер, а само електромоторите морав да ги купам. Раката е целосно функционална и се движи во лакотот, шаката и прстите. Роботската рака беше основа да се зафатам за еден, уште посериозен предизвик, а тоа е да направам бионичка рака, која треба да им помогне на лицата со ампутирана подлактица“, појаснува Орхан.

Идејата за бионичка рака се надоврзала на конкурсот на УНИЦЕФ за изнаоѓање дигитално решение за лица со попреченост. За секое одбрано решение, тимот се наградува со 1.000 долари за доработка и усовршување на проектот.

„Изработката на бионичка рака е тимска работа, во која учествуваат уште тројца мои другари од средното училиште ‘Јахја Кемал‘ од Скопје. Овој прототип го направивме за три дена на работилницата што ја одржа УНИЦЕФ. Тео Китановски беше програмер, Борис Ночески ја работеше веб-страницата, Анамарија Илиева беше задолжена за документацијата и презентацијата, а јас бев дизајнерот. За побрзо да оди работата, го однесов и мојот 3-Д принтер. Кога првиот ден кажавме што сакаме да направиме, никој од организаторите не ни веруваше дека тоа е можно. Ни остана да направиме уште два прста, но важно беше да покажеме дека можеме да го направиме тоа. Реално гледано, оваа рака е многу подобро дизајнирана од некои вакви протези кои можат да се најдат кај нас. Ние во раката вградивме шест мотори и таа по својот облик изгледа сосема природно. Сега ни останува да ги вградиме сензорите преку кои лицето ќе може да дава наредби на раката и таа да функционира, односно да се движат шаката и прстите. Со парите кои ги добивме од УНИЦЕФ, треба да направиме уште подобра верзија на раката и тоа во три-четири големини. Се надеваме дека ќе успееме да победиме на локално ниво и да настапиме на глобалниот конкурс, каде од 80 тимови, првите 16 ќе добијат по 20.000 долари“, вели Багашов.

Дека се работи за еден навистина револуционерен дизајн, зборува и податокот дека раката е дизајнирана така што секој кој има 3-Д принтер, може да си ја изработи во домашни услови и самиот да ја состави без претходно да има некакво искуство.

„Раката треба целосно да биде завршена до март идната година. Сакаме да ја тестираме на дете кое има ампутирана подлактица, бидејќи, според нашата замисла, таа ќе биде повеќе наменета за деца и млади. Според нашите пресметки, изработката на една ваква рака би чинела од 150 до 200 евра, а моментално, во продавниците за ортопедски помагала ваква протеза, и тоа со многу послаб квалитет и многу помали функции, чини и до 6.000 евра. Секој ќе може бесплатно од веб-страницата да ги симне плановите и да си направи ваква бионичка рака“.

Орхан Багашов за 3-Д принтерот и за роботската рака има добиено голем број домашни и странски награди за иновација. Но, него не го интересира само роботиката. Досега учествувал и во 20 детски претстави во детскиот и младински аматерски театар во Тетово, а во мај годинава ја доби и главната награда на ДААФ во Кочани.

Извор: sdk.mk

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 25 декември, среда, првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.

Во продолжение прочитајте ја и целата програма на неработни денови за 2020 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се. За сите граѓани на РМ:

• 01 јануари (среда), Нова Година, • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 01 мај (петок), Ден на трудот, • 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден. • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед • 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед • 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (понеделник), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »