Промовирани огласи »

Владата ќе донесе одлука за репрограмирање на долговите и отпис на каматите на задожените граѓани. Според информации на Фактор решението во посебна одлука ќе биде усвоено на владината седница која ќе се одржи во петок или на следната која ќе биде последна за годинава, а која е можно да биде и викендов. Нема детали кои долгови ќе се бришат, до колкава сума и кон кои доверители, но најверојатно ќе бидат опфатени повеќето јавни претпријатија.

Во меѓувеме за утре е најавен протест на извршителите во земјава кои негодуваат на новиот предлог тарифник според кои најголемата награда која може да ја земе еден извршител, ќе биде максимум 300 евра наместо, како што е уредено досега, 1000 евра.

Со протестот извршителите сакаат да го кажат својот став дека ако се опстои во намерата да стапи на сила овој тарифник, тие нема да работат повеќе и ќе настане хаос во наплатата. Бараат да се слушне и нивниот глас во носењето на регулативата.

Од Министерството за правда кои се предлагачи на тарифникот за Фактор велат дека Комората на извршители е автономна во одлучувањето и дека тие ги разгледуваат сите опции. Тврдат дека во моментов се прават анализи и дека ќе се оди на законски измени, кои ќе се очекуваат на последната владина седница. Потврдуваат дека ќе има одлука – решение за каматите односно отпис на камати на граѓаните.

Од Здружението на граѓани кои протестираат против работата на извршителите велат дека треба да се стави крај на самоволието на извршителите. Се мислеле да има контрапротест но најверојатно нема да се одржи за да не се прават проблеми.

- Со новиот тарфиник им се намалува најгоелмата награда која можат да ја земат, па се лутат. Најверојатно Владата конечно се освести, го слушнаа нашиот глас. Проектот им заврши, доста го плачкаа народот, ама си собраа бостанот па може да си одат, да си се вратат во судовите, вели Марјан Ристески. 

Промовирани огласи »

Голем јаз има помеѓу највисоката и најниската плата во државата. 

Ова го поткрепуваат статистичките податоци. Според Државниот завод за статистика во компјутерското програмирање, консултантските и сродните дејности во октомври е исплатена просечна плата од 60.899 денари. Просечната нето плата по вработен во државата во октомври е 25.726 денари, односно компјутерџиите за еден месец заработиле скоро 2,4 просечни плати.

Најмала просечна плата е регистрирана во секторот заштитата и истражување, односно вработените во овој сектор добивале само 13.707 денари.

Од владејачката СДСМ се пофалија дека за 2.5 години минималната плата се зголемила за 5.500 денари. 

Промовирани огласи »

Рокот за исплата на регресот за годишен одмор истекува на 31 декември. Работодавците од приватниот сектор имаат уште една недела да ја исполнат задолжителната законска обврска за исплата на регрес за годишен одмор или популарно наречен К-15.

Износот на К-15 се утврдува врз основа на просечната нето, односно бруто плата исплатена на ниво на држава во последните три месеци.

Доколку се’ уште не сте добиле регрес за годишен одмор треба да знаете дека неговиот износ е поголем во однос на износот што вработените го добиле пред 20-ти декември откако ДЗС ги објави новите податоци за движењето на платите во Македонија.

Според најновите податоци, износот на К-15 треба да се движи од 10.171 до 15.112 денари.

К-15 не им следува на сите вработени

Исплата на К-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработени сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавниот сектор се уште немаат право на К-15 бидејќи тоа не е пропишано со нивниот Колективен договор.

2. Имате стаж во компанија кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор бидејќи К-15 им се исплаќа само на вработени кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци.

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг временски период од шест месеци, но имате прекин во работен стаж.

Промовирани огласи »

Првите добитници на дневните награди: 4 х 1.000, 3 х 2.000 и 3 х 3.000 денари во наградната игра “МојДДВ, #МојаНаграда” се веќе познати и објавени.

Добитниците се објавени на следниот ЛИНК.

Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии. Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи, вели Ангеловска.

Втората исплата на повратот на ДДВ ќе се реализира во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »