Промовирани огласи »

Првите добитници на дневните награди: 4 х 1.000, 3 х 2.000 и 3 х 3.000 денари во наградната игра “МојДДВ, #МојаНаграда” се веќе познати и објавени.

Добитниците се објавени на следниот ЛИНК.

Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии. Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи, вели Ангеловска.

Втората исплата на повратот на ДДВ ќе се реализира во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Промовирани огласи »

Постапката за апликацијата за инверерите почнува од утре. Премиерот Зоран Заев верува дека веќе од јануари ваучерите за инвертерите ќе бидат во рацете за корисниците. 

Според премиерот, постапката малку доцни бидејќи работите одат согласно законот за јавни набавки. На средината на јануари ќе почне и масовна кампања за корисниците. 

Пред неколку дена во Собрание помина репрограмот кој даде пас, а денеска ќе се донесе одлука на Влада. До средината на јануари ќе почне масовна кампања за да ги информираме граѓаните. Постапката од утре почнува за апликација за инверторите. Кампањата ќе биде дополнителна информативна алатка. Ќе побараме од националниот сервис да ни даде бесплатен простор. Постапката е сложена. Тоа се 10 милиони евра што треба да се одвојат. Верувам дека во јануари ваучерите ќе бидат во рацете на корисниците. Добро би било да почнала порано. Но, финансиските параметри не дадоа можност од август или септември да се определат средства, рече премиерот Заев. 

Владата пред два месеци го промовираше планот за субвенционирање на инвертери. 

Владината мерка предвидува 10 илјади семејства да добијат по илјада евра за да купат инвертер.

Предвидено е 5200 да се доделат во Скопје, по 2500 во Тетово и Битола како и 800 во Кичево.

Промовирани огласи »

Граѓаните од земјава се повеќе се навлекуваат на купување преку интернет. Шопингот онлајн во државава и натаму расте со забрзано темпо. Спроведената анкета во првиот квартал на 2019 година во државава, во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци, покажува раст од 14 проценти, односно онлајн купувале 35,9 проценти од интернет корисниците, наспроти 31,6 проценти  во истиот период минатата година, информира Асоцијацијата за е-трговија.

Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од 2019 година е зголемена на 81,8 проценти опфат на домаќинствата, наспроти 79,3 проценти во истиот период минатата година. Според резултатите, има подобрување и во начинот на пристап (фиксно широко појасно и мобилно) потребен за вршење на е-трговија. Осумдесет и еден процент од Македонците на возраст 15-74 години употребиле интернет во последните три месеци наспроти 79,2 проценти во истиот период лани. Притоа 72,9 проценти користеле интернет секој ден, наспроти 68,7 проценти лани, при што мажите користеле интернет повеќе (74,9 проценти) од жените (70,8 проценти).

Анализата на Асоцијацијата вo која се користени податоци на Државниот завод за статистика покажува дека Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи. 

И годинава, исто како и лани, граѓаните од земјава најмногу купувале облека и спортска опрема или 35,8 проценти, по што со 10,5 проценти  следат производи за домаќинство и 10,4 проценти електронска опрема. Најголемиот дел од он лајн купувањата 38,8 проценти се од продавачи од нашата земја. Ако во минатото доминантна онлајн трговија била од продавачите од другиот дел на светот, годинава тоа е намалено на 20 проценти, со 11 проценти учество на продавачите од Европска Унија.

Промовирани огласи »

Еден период беа беспални, па ги плаќавме по два денари, а за во иднина се најавува дека нивната цена ќе се зголеми најмалку на 10 денари, што значи дека цената на истите може да биде и повисока. 

Граѓаните и фирмите имаат рок од една година да се прилагодат и полека да почнат да ги исфрлаат од употреба, велат од Асоцијацијата. за управување со отпад.

Целта е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси.

Со ваквата одлука се очекува граѓаните да се откажат од нивната употреба, за што имаат рок од речиси една година велат од Асоцијацијата за управување со отпад.

Наместо тоа се апелира граѓаните да пазарат во свои платнени торби, или пак со хартиени ќеси. 

Загадувањето со пластика денес е едно од најгорливите прашања кога станува збор за животната средина, поради фактот што забрзаното производство на пластични производи кои потоа се фрлаат е поголемо од капацитетите за справување со тие производи на светско ниво. Ваквото загадување е највидливо во земјите од Азија и Африка, каде или не постојат системи за собирање на отпадот, или истите се неефикасни. Но, ако го погледнеме и развиениот свет, особено земјите со ниски стапки на рециклирање, ќе забележиме дека и таму има проблем со соодветното собирање на отпадната пластика. Пластичниот отпад стана толку актуелен што доведе и до активности за изготвување и на глобална спогодба за овој проблем, која ќе се преговара на ниво на Обединетите нации.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »