Промовирани огласи »

НЛБ банка ќе им ја исплати декемвриската пензија на сите пензионери кои пензијата ја земаат преку оваа банка на 28 декември односно во сабота. 

Банката извести дека поради празниците наместо на први, нивните коминтенти пензијата ќе можат да ја подигнат порано.

Ова практично значи дека овие пензионери месецов два пати ќе земаат пензија.

Промовирани огласи »

Македонските работници се далеку зад европските ако се спореди колку заработуваат за еден работен час. 

Македонците во просек земаат по 3,2 евра на час. 

Тоа е три пати помалку од некои европски земји, каде за работен час се плаќа по 10  евра.

Лани просекот во Европската унија изнесувал 23,1 евро за еден работен час.

Според податоците од Евростат во 2018 година, најслабо платени биле работниците во Бугарија и Романија, каде за еден работен час добивале 5,5 евра. Следуваат Полска каде работниците добиваат во просек 6,3 евра за час, Унгарија сo 8,4 евра за час, Хрватска со 8,5 евра за час, Латвија со 8,6 евра за час и Чешка со 10,1 евра. 

Луксембург е земја лидер, каде надоместот за еден работен по работник лани бил дури 43,8 евра. 

Во нашата земја постои и голем јаз меѓу најниската и највисоката плата. 

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека до петок, односно до крајот на неделата, ќе бидат исплатени парите од јавниот повик за субвенционирање на купувањето, односно вградувањето на уредите за погон на плин.

Средства на сметките ќе им легнат на над 750 граѓани, според податоците од секторот кој му биле доставени на министерот.

Рокот за јавниот повик е веќе завршен, а до крајот на неделава, односно до петок на сите што аплицирале и ги исполниле условите ќе им бидат исплатени парите од субвенциите, рече денеска Бектеши.

Јавниот повик беше објавен на 1 ноември. Станува збор за субвенции до 50 отсто од фактурата, но не повеќе од 18.000 денари. За оваа цел министерството имаше буџет од 15 милиони денари. Возилото не смее да е постаро, односно произведено пред 2005 година, а повикот важу за само еден член, односно автомобил од едно семејство.

Истовремено Бектеши рече дека се подготвува и моделот за субвенционирана набавка на возило со ЕУРО 5 или повисок еколошки стандард.

– Ќе одиме со уредба во која најглавно е што ќе го имаме предвид еколошкиот аспект, додаде тој.

Промовирани огласи »

Владата ќе донесе одлука за репрограмирање на долговите и отпис на каматите на задожените граѓани. Според информации на Фактор решението во посебна одлука ќе биде усвоено на владината седница која ќе се одржи во петок или на следната која ќе биде последна за годинава, а која е можно да биде и викендов. Нема детали кои долгови ќе се бришат, до колкава сума и кон кои доверители, но најверојатно ќе бидат опфатени повеќето јавни претпријатија.

Во меѓувеме за утре е најавен протест на извршителите во земјава кои негодуваат на новиот предлог тарифник според кои најголемата награда која може да ја земе еден извршител, ќе биде максимум 300 евра наместо, како што е уредено досега, 1000 евра.

Со протестот извршителите сакаат да го кажат својот став дека ако се опстои во намерата да стапи на сила овој тарифник, тие нема да работат повеќе и ќе настане хаос во наплатата. Бараат да се слушне и нивниот глас во носењето на регулативата.

Од Министерството за правда кои се предлагачи на тарифникот за Фактор велат дека Комората на извршители е автономна во одлучувањето и дека тие ги разгледуваат сите опции. Тврдат дека во моментов се прават анализи и дека ќе се оди на законски измени, кои ќе се очекуваат на последната владина седница. Потврдуваат дека ќе има одлука – решение за каматите односно отпис на камати на граѓаните.

Од Здружението на граѓани кои протестираат против работата на извршителите велат дека треба да се стави крај на самоволието на извршителите. Се мислеле да има контрапротест но најверојатно нема да се одржи за да не се прават проблеми.

- Со новиот тарфиник им се намалува најгоелмата награда која можат да ја земат, па се лутат. Најверојатно Владата конечно се освести, го слушнаа нашиот глас. Проектот им заврши, доста го плачкаа народот, ама си собраа бостанот па може да си одат, да си се вратат во судовите, вели Марјан Ристески. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »