Иако изгледа парадоксално, македонските извршители денеска ќе протестираат и тоа против Владата која предизборно се подготвува да им ги укине скапите награди.
Протестот е официјално најавен, иако до синоќа не беше познато каде ќе се одржи и во каква форма како незадоволство против новиот тарифник кој го подготвува министерството за правда..
Она што е познато е дека тие на последното Собрание се одлучија за денес да ги затворат канцелариите во знак на револт што им се намалува максималната награда која можат да ја наплатат при извршување од 1 000 на 300 евра.
„Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник.“- се вели во официјалната одлука на Комората на извршители.
Владата ќе донесе одлука за репрограмирање на долговите и отпис на каматите на задожените граѓани. Решението во посебна одлука ќе биде усвоено на владината седница која ќе се одржи во петок или на следната која ќе биде последна за годинава, а која е можно да биде и викендов. Нема детали кои долгови ќе се бришат, до колкава сума и кон кои доверители, но најверојатно ќе бидат опфатени повеќето јавни претпријатија.
Ивршителите сметаат дека со овој предлог работата нема да им биде исплатлива и најавија дека доколку Министерството за правда го прифати предлогот за измена на Тарифата без притоа да добие позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители тие за првпат по 13 години ќе се откажат од своите канцеларии.
Ваквата одлука наиде на остpa ocyда од страна на граѓаните, кои пак имаат големи очекувања од Владата дека сепак на крајот ќе успее да ги намали ставките во нивниот тарифник