Промовирани огласи »

Вицепремиеркара задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска ги презентираа резултатите на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Царовска истакна дека Оперативниот план за 2019 година е со исклучително висок процент на реализација од 98,6 проценти, што е резултат од добро осмислените програми и мерки, кои се креирани во соработка со бизнис секторот, со цел истите максимално да се апсорбираат од страна на бизнис заедницата на локално и државно ниво.

Имплементацијата на Оперативниот план за 2019 година, значително придонесе за намалувањето на невработеноста, која моментално е на рекордно ниска стапка од 17,1 отсто, пришто во изминатите две и пол години, регистрирани се нови 59.600 вработувања, дел од нив како резултат токму преограмите и мерките од оперативните планови. Во 2019 година за реализација на ОП од буџетот се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари, што е за 84 проценти повисок износ во споредба со 2016-та година кога буџетот изнесувал 707 милиони денари. Ова се средства со кои директно се влијае кон зголемување на вработливоста на невработените лица, но и можност за формирање на нови компании, кои понатаму треба да отворат нови работни места, потенцираше Царовска.

Вицепремиерката додаде дека најголем дел од средствата се наменети токму за поттикнување на претриемништвото и креирање на нови микро компании, а дека како резултат на програмите и мерките од ОП се произлезени и системски решенија. Како конкретен пример таа го посочи Законот за практиканство, како рамка да младите невработени лица добијат можност да ги стекнат потребните вештини и искуство преку практична работа во компаните и на тој начин ја зголемат можноста за сопствено вработување. Вицепремиерката упати благодарност до УНДП кои имаа голем придонес во реализацијата на мерката саомвработување.

Преку Програмата за самовработување, во 2019 година, одобрени се 1484 грантови, а притоа се формирани 1320 микро компании. Од овие лица, 468 се млади луѓе, односно 36,8 проценти‘ од вкупниот број, додека 439 се жени (33,9%). Со оваа мерка не само што овозможуваме овие млади невработени лица да отворат сопствен бизнис, туку во целиот процес на едукација претходно, го создаваме претриемачкиот дух и ги поттикнуваме со други мерки да продолжат да отвораат дополнителни работни места, подвлече вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, во своето излагање, нагласи дека успешната реализација на Оперативниот план, е резултат на тимска работа и позитивна енергија на вработените во Агенцијата и центрите за вработување, вработените во Министерството за труд и социјална политика, како и партнерите во спроведувањето УНДП и УНОПС, работодавачите и самите невработени лица. Таа додаде дека сите активни програми и мерки беа атрактивни за работодавачите и невработените лица и постигнат е максимален опфат согласно планираното.

Преку субвенционирањето на плати отворени се 1383 нови работни места, додека со поддршка за вработување и раст на правни субјекти се придонесе за отворање на 621 работно место. Практиканството е уште една мерка која беше атрактивна кај работодавачите и младите лица, при што со оваа мерка беа опфатени 1697 лица. Она што особено беше побарано од стопанството беа обуките, се спроведоа вкупно 55 обуки за 22 занимања на територија на цела држава, пришто 3704 лица успешно завршија обука. Станува збор за најразлични обуки, детектирани за потребите на пазарот на трудот: монтери, инсталатери, оператори за веб дизајн, изработувачи на мебел, оџачари, гастрономи, електромеханичари, автомеханичари, заварувачи, фризери, козметичари, појасни директорката Јовановска.

Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ се осврна на реализацијата на Младинската гаранција, како мерка која е насочена исклучиво кон младите лица, кои се иднина на нашата држава, како инвестиција во нивното знење, доградба и преквалификација.

Свесни за предизвиците како што се високото ниво на младинска невработеност и иселувањето, сите мерки од Оперативниот план се насочени пред се кон поддршка и поттикнување на младите луѓе, додаде Шкријељ.

Младинската гаранција е една од носечките европски иницијативи, а Република Северна Македонија е единствена држава, која не е членка на ЕУ, а започна со реализација на овој проект. Започна со реализација во 2018 година, најпрвин како пилот проект, за во 2019 да се прошири на територијата на цела држава. Охрабрени сме со резултатите од реализацијата на Младинската гаранција, во 2019 година 20.301 лице се опфатени со оваа мерка. Секое младо лице во рок од 4 месеци по пријавување во Агенцијата за вработување добива можност за вработување, обука, преквалификација или практиканство. Од бројката на вклучени, 52% се жени, охрабрува што мерките кои се креирани се атрактивни и одговораат токму за млади девојки и жени. Само во 2019 година бројот на вработени преку младинска гаранција се 6004 лица, а овој број ќе продолжи да расте, во април 2020 година би можеле да ја имаме конечната бројка за лицата вклучени во 2019 година. Радува што мерката има позитивен ефект кај ранливите групи на лица, како што се Ромите. Во 2019 година во младинска гаранција се вклучени 1457 Роми, од нив 212 се веќе вработени. Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите изнесува 35,3%, за споредба во 2016 тој процент беше 48,2%, а паралелно расте стапката на вработеност. На институциите останува да продолжиме да рабтиме во овој правец и да се издвојат се повеќе средства имплементација на вакви програми, заклучи дополнителната заменска министерка Шкријељ.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Секој петок на работа до 13 часот. Партијата ДУИ со предлог, петоците да се работат со скратено работно време. Што велат граѓаните за овој предлог?

Овој предлог ќе биде дел од изборната програма на интегративците на претстојните избори.

Целта на ова е граѓаните да имаат повеќе време за да се посветат на семејството, а на тој начин да се зголеми и нивната продуктивност на работните места.

Предлогот засега е само идеја. Останува неизвесно дали ќе најде поддршка и од другите политички партии.

Овој предлог наиде на различни коментари. 

Работниците со поделени ставови, едни велат дека е добра идеја, други сметаат дека петок по ништо не се разликува од другите работни денови во неделата. Има работници кои се уште се платени од час, па според овој предлог тие би имале помалку работни часови, а со тоа и помала плата. 

Работодавачите имаат став. Според нив овој предлог треба да е избор, а не правило.

Инаку ова не е прв пат во земјава да се дискутира на оваа тема и да се нудат вакви предлози, но досега за ниеден предлог не се отвори поширока дебата.

Во светот има фирми во кои веќе некој период се работи со скратено работно време, а Финска е првата земја со предлог да се работи само 4 дена во неделата и тоа со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Утрово Скопје се искачи на осмо место на светската листа на најзагадени градови. Податоците се од 11 часот според податоците прикажани на интернет – страницата на Air-visual.

На табелата се гледа дека степенот на загаденоста со ПМ10 честичи изнесува 169 микрограми на метар кубен. Прв на листата на најзагадените градови е пакистанскиот Лахоре со 235 микрограми, а потоа следат Вроцлав од Полска и Сараево од БиХ.

Податоците од мерните станици кои ги соопштува Air Visual, а се однесуваат на 10 часот и 56 минути покажуваат дека во Карпош биле измерени 174 микрограми, кај Ректорат 172, во Гази Баба 169 и во Центар 157.

Фотографијата е направена утрово каде јасно се гледа што денеска се диши во главниот град. 

Промовирани огласи »

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината, оваа година тоа е овој понеделник 20-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето, се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници и исчекувањето на пролетта и на летото. Оваа теорија е воспоставена од страна на психологот Клиф Арнал.

Научниците велат дека токму на овој ден најголем број на луѓе се чувствуваат осамено, а најчесто не помага и временската прогноза, зошто поради ладното време многумина седат дома. Треба да се додаде дека и божиќната магија е помината, а до летото има уште многу месеци, па затоа стручните лица тврдат дека овој понеделник нема да им биде најубав во годината за повеќето луѓе.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство и компанија која инспирира радост, се потруди на граѓаните на нашата држава да овој “Blue Monday” биде еден од најсреќните денови во годината. Нептун овој понеделник 20-ти јануари организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со големи попусти и супер понуди. Акцијата Само еден најсреќен ден ќе нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Застапени ќе бидат одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата ќе важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овој најсреќен ден!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »