Промовирани огласи »

Секој петок на работа до 13 часот. Партијата ДУИ со предлог, петоците да се работат со скратено работно време. Што велат граѓаните за овој предлог?

Овој предлог ќе биде дел од изборната програма на интегративците на претстојните избори.

Целта на ова е граѓаните да имаат повеќе време за да се посветат на семејството, а на тој начин да се зголеми и нивната продуктивност на работните места.

Предлогот засега е само идеја. Останува неизвесно дали ќе најде поддршка и од другите политички партии.

Овој предлог наиде на различни коментари. 

Работниците со поделени ставови, едни велат дека е добра идеја, други сметаат дека петок по ништо не се разликува од другите работни денови во неделата. Има работници кои се уште се платени од час, па според овој предлог тие би имале помалку работни часови, а со тоа и помала плата. 

Работодавачите имаат став. Според нив овој предлог треба да е избор, а не правило.

Инаку ова не е прв пат во земјава да се дискутира на оваа тема и да се нудат вакви предлози, но досега за ниеден предлог не се отвори поширока дебата.

Во светот има фирми во кои веќе некој период се работи со скратено работно време, а Финска е првата земја со предлог да се работи само 4 дена во неделата и тоа со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Утрово Скопје се искачи на осмо место на светската листа на најзагадени градови. Податоците се од 11 часот според податоците прикажани на интернет – страницата на Air-visual.

На табелата се гледа дека степенот на загаденоста со ПМ10 честичи изнесува 169 микрограми на метар кубен. Прв на листата на најзагадените градови е пакистанскиот Лахоре со 235 микрограми, а потоа следат Вроцлав од Полска и Сараево од БиХ.

Податоците од мерните станици кои ги соопштува Air Visual, а се однесуваат на 10 часот и 56 минути покажуваат дека во Карпош биле измерени 174 микрограми, кај Ректорат 172, во Гази Баба 169 и во Центар 157.

Фотографијата е направена утрово каде јасно се гледа што денеска се диши во главниот град. 

Промовирани огласи »

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината, оваа година тоа е овој понеделник 20-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето, се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници и исчекувањето на пролетта и на летото. Оваа теорија е воспоставена од страна на психологот Клиф Арнал.

Научниците велат дека токму на овој ден најголем број на луѓе се чувствуваат осамено, а најчесто не помага и временската прогноза, зошто поради ладното време многумина седат дома. Треба да се додаде дека и божиќната магија е помината, а до летото има уште многу месеци, па затоа стручните лица тврдат дека овој понеделник нема да им биде најубав во годината за повеќето луѓе.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство и компанија која инспирира радост, се потруди на граѓаните на нашата држава да овој “Blue Monday” биде еден од најсреќните денови во годината. Нептун овој понеделник 20-ти јануари организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со големи попусти и супер понуди. Акцијата Само еден најсреќен ден ќе нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Застапени ќе бидат одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата ќе важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овој најсреќен ден!

Промовирани огласи »

Евофарма нуди одлични услови за работа и е во потрага по OFFICE ASSISTANT: https://kariera.mk/job/dhSBrlgo2UKECsVj41l2Kg/office-assistant

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата TEХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА: https://kariera.mk/job/S6d2_NhYekSe01Lx6vyuGA/tehnichar-za-odrzhuvanje-na-vozila

Мегатехна вработува УПРАВУВАЧ НА CNC МАШИНА ЗА ОБРАБОТКА НА ПЛОЧЕСТИ МАТЕРИЈАЛИ: https://kariera.mk/job/RI13LhtUxE24VaC99o9GTg/upravuvach-na-cnc-mashina-za-obrabotka-na-plochesti-materijali

Друштвото за осигурување Уника АД Скопје има потреба од ПРАВНИК СО ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ: https://kariera.mk/job/vuOzGGSC7UG4pFPWCCZA2Q/vrabotuvanje-na-pravnik

Executive Search Consulting за свои клиенти има отворени работни позиции за: 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »