TEХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

 

TEХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Користење и разбирање на упатства и процедури од производител
  • Читање и разбирање на техничка документација
    • шеми
    • дијаграми
  • Спроведување на рутински активности за редовно одржување
    • дневни проверки
    • периодични проверки
    • сервисирања и сл.
  • Спроведување на активности за вонредно одржување
    • детектирање на проблеми и дефекти
    • поправка и сервисирање
    • замена на оштетени или дотраени делови
    • замена на течности, подмачкување и сл.
  • Познавање и искуство за користење на наменска и специјална опрема и алат за поправка на возила
  • Познавање, работа и одржување на хидраулични и пневматски системи
  • Проверка на сервисирањето на возилото или опремата со тест за прилагодување на контролите и системите поради поефикасна дијагностика и избегнување од повторување на дефекти
  • Ажурирање на соодветна документација после секоја проверка/поправка

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно Техничко Образование  (IV степен) – Автоелектричар, Електроничар
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Лиценца и важечки сертификати од областа
  • Најмалку 2 години работно искуство во областа на Механика, АвтоЕлектрика и Електроника, и електрични инсталации, читање на стручна литература (шеми и симболи)
  • Познавање на Англиски јазик и компјутери
  • Организациски вештини и тимска работа

 

Почетна предвидена основна нето плата за позицијата може да варира од 24.600 денари до 27.675 денари во зависнот од искуството на кандидатот.

 

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака TEХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА“

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.


Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »