АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Executive Search Consulting е водечка македонска компанија од областа на консалтинг за човечки ресурси.  Наша цел е да ги обезбедиме најдобрите решенија за потребите на нашите клиенти. Со цел понатамошен развој на компанијата имаме потреба за вработување на:

 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

 

Работни задачи

  • Извршување на административни активности
  • Пријава и одјава на вработени
  • Подготовка и грижа за досиејата на вработените
  • Подготовка и ажурирање на документација за вработените (договори за вработување, прекин на работен однос, боледувања, решение за годишен одмор, слободни денови...)
  • Деловна кореспонденција, архивирање, сортирање пошта
  • Други работи поврзани со работењето

Услови

  • Средна или висока стручна спрема
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција од минимум 3 години
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Познавање на Закон за работни односи
  • Претходна соработка со АВРМ, ФЗОМ
  • Комуникациски вештини, проактивност, совесност, исполнителност, доверливост
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Желба за понатамошно доусовршување

Што нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 8:30 – 16:30, локација Кисела Вода
  • Нето месечна плата од 20.000 до 24.000 денари, како и дополнително наградување во согласност со политиката на работа на компанијата
  • Договор за работа на неопределено време со 4 месеци пробен период
  • Работа во регионална компанија и со водечки професионалци од областа
  • Можност за професионален развој
  • Пријателска атмосфера за работа

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 31.01.2020. Во насловот на пораката ставете назнака за Административен асистент. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »